Човекот кој ја посетил секоја земја во светот го откри најстрашниот град во којшто престојувал. Можете ли да погодите кој е тој?

Дру Бински, патник кој тврди дека ги посетил сите земји на светот, го прогласи Конакри, главниот град на Гвинеја, за еден од најлошите градови што ги посетил. Откако ја напуштил својата работа како наставник во 2015 година, Дру патувал низ 197 земји и го документира своето искуство на популарен „YouTube“ канал со речиси пет милиони претплатници.

 

 

 

Иако посетил многу предизвикувачки места, како Јоханесбург и Хониара, Конакри го шокирал најмногу. Градот е познат по криминал, граѓански немири и слаба здравствена инфраструктура. Американската влада ги предупредува туристите на кражби, напади и опасности ноќе.

 

 

По пристигнувањето во градот за време на воен пуч, Дру се соочил со хаос и полицајци на улиците. Возачот морал да плати мито за да го продолжат патувањето.

„Целиот град мирисаше на ѓубре, а луѓето беанепријателски расположени“, изјави тој, истакнувајќи дека Конакри е најнесигурното место што го посетил.

 

И покрај негативното искуство, Дру имал пријатна посета на локална џамија, но сепак вели дека веројатно нема повторно да го посети градот. Од другите места на неговата листа на непосакувани дестинации се Нџамена во Чад и Делхи во Индија, додека највисоко ги рангира Прага, Бангкок и Сеул.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *