Човеков тврди дека јаде пица секој ден и тоа цели 6 ГОДИНИ и се чувствува здрав и витален

Повеќето луѓе уживаат во добра пица од време на време, но Кени Вајлдс од Конектикат е малку поекстремен и јаде пица секој ден во последните 6 години. Тоа што неговиот татко имал пицерија мора да има врска со тоа.

„Во последните шест години, јадам пица секој ден. Понекогаш тоа може да биде само парче, но повеќето денови јадам цела. Моја омилена е класична американска со феферони во длабока тава. Исто така, сакам домат и кашкавал на убава густа кора.“

Се разбира, тој не го започна овој „предизвик“ без да направи Инстаграм, каде што сега има 64.000 следбеници . Дали и ова беше само за онлајн слава? Самиот вели дека е здрав и фит и дека тоа нема негативно влијание врз неговиот живот и тело.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *