Црн хумор: 10 вицови што ќе ве насмеат на своја одговорност

1. Телефонски повик

Ѕвони телефонот.

– Ало?

– Да?

– Сине, што прави мама?

– Ене ја, во собата е со некој чичко.

– Сине, земи го пиштолот од мојата фиока и убиј ги двајцата!

– Добро, тато!

БУМ! БУМ!

– Ало…

– Тато, ги убив.

– Браво, Перице…

– Ама јас не сум Перица, јас сум Јовица.

– Чекај, ова станот на Ивановски ли е?!

– Не, на Јовановски.

– Ааа… Добро тогаш, извинете, погрешен број!

2. Вампир и тампони

Еден вампир пребарува по контејнерите кога наидува на свој пријател.

– Што бараш, бе?

– Употребени тампони.

– А што ќе ти се?

– Абе, малиот ми е настинат, па да му направам чај!

3. Две муви во ресторан

Отишле две муви во ресторан. Доаѓа келнерот и ги прашува што ќе нарачаат.

Едната мува нарачува гомно со кромид, а другата само гомно.

Првата ја прашува другата:

– Абе, зошто не зеде и ти кромид?

– Абе, да не ми смрди од уста!

4. Хитлер и Евреите

Хитлер стои на работ на една карпа, а покрај него група Евреи. Ги повикува еден по еден:

– Рашири ги рацете! – и го турка првиот.

– Крени ги рацете! – и го турка вториот.

– Стави ги рацете покрај телото! – и го турка третиот.

Му приоѓа Гебелс:

– Адолфе, доста играш тетрис, имаш телефонски повик!

5. Операција

Млад хирург излегува од операционата сала, кога го запира директорот на болницата.

– Колега, како помина операцијата?

– Операција?! Леле, јас мислев дека правиме обдукција!

6. Двајца пациенти

Разговараат двајца пациенти што штотуку преживеале операција.

– Абе, не знаеш колку се невнимателни докториве! Еден човек морал двапати да го оперираат затоа што хирургот му заборавил ножици во стомакот!

Во тој момент влегува главниот хирург и прашува:

– Извинете, да не ми ги видел некој ракавиците?

7. Голманот и детето

Се запалила голема станбена зграда. На петтиот кат стои жена со дете во рацете и размислува дали да скокне или прво да го фрли детето.

Од толпата собрана пред зградата се јавува еден човек:

– Слободно фрлете го детето, јас ќе го фатам! Порано бев голман!

Жената собира храброст и го фрла детето.

По неколку секунди, од насобраната толпа се слуша:

– ГОООООООЛ!

8. Месарот и бебето

На еден месар му се родило дете. Во породилиштето го прашуваат:

– Какви очи има?

– Сини.

– А косичка?

– Малку.

– На кого личи?

– На татко му.

– А колку е тешко?

Месарот оди некаде, се враќа цел крвав и одговара:

– Три и пол кила, без коски!

9. Судбина

Си бил еднаш еден принц кого зла вештерка го претворила во жаба. Му рекла дека ќе остане жаба сè додека не го бакне некоја прекрасна девојка.

Му здосадило на принцот да чека, па решил да оди кај Клеопатра.

– Кажи ми, каква ми е судбината? – прашала жабата.

– Ќе запознаеш прекрасна девојка што ќе сака да знае сè за тебе – му одговорила Клеопатра.

– Јупиии! А кога ќе се случи тоа?

– На час по биологија!

10. Стиви и пријателот

Разговара Стиви Вондер со еден пријател.

– Еј, Стиви, знаеш ли за колку работи си лишен затоа што си слеп?

– Ма не е тоа најлошото. Замисли само да сум и црнец!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *