Црн Петок: Историја, контроверзии и модерни трендови – зошто одеднаш од еден ден се претвори во цел месец на „попусти“?
Црн Петок, првично познат како „денот по Денот на благодарноста“, денес претставува симбол на масовна потрошувачка, големи попусти и, понекогаш, хаос.
Иако некогаш беше само еден ден, Црниот Петок сега е претворен во цел месец на понуди и попусти, кој ја обединува традиционалната и онлајн трговија. Во 2023 година, околу 90 милиони Американци купувале онлајн, а 76 милиони ги посетиле физичките продавници на овој ден. Но, како започна оваа традиција?
Првите траги од терминот „Црн Петок“ датираат од 1869 година, кога финансиската криза со златото го разорилс американскиот пазар. Подоцна, во 1950-тите, фразата се користела за да ги опише големите гужви во Филаделфија по Денот на благодарноста. Дури во 1970-тите, националните медиуми го прифатија терминот, кога почна да се поврзува со големите распродажби.
Иако популарноста на Црниот Петок растеше, неговото име беше предмет на дебати. Некои предлагаа алтернативи како „Голем Петок,“ но тие никогаш не се прифатија. Дополнително, обидите за проширување на продажбите на самиот Ден на благодарноста, популаризирани од одредени трговци околу 2011 година, не беа добро прифатени. До 2021 година, повеќето продавници останаа затворени на овој празник.
За оние кои се противници на потрошувачката, постои и „Ден на некупување“—иницијатива започната во 1992 година, која повикува на одбегнување на шопингот како акт на протест. Сепак, податоците покажуваат дека оваа иницијатива не го намали значајно ентузијазмот за Црниот Петок.
Иако постојат критики за цените и реалните попусти, како и потсетувања на инцидентите со повреди и трагични случаи, Црниот Петок останува длабоко вкоренет дел од американската култура, славен од милиони. А, сега несомнено е проширен и кај нас, еве разгледајте онлајн, доколку не сакате да одите до продавниците.
Коментирај анонимно