Чудовиштето на американските реки: Оклопната риба што ги плаши дури и крокодилите, а нејзиниот оклоп не може да се пробие со нож

Алигаторскиот гар, една од најстрашните риби во реките на САД, е жив фосил што постои повеќе од 100 милиони години. Ова чудовиште од матните води на јужна Северна Америка порано живеело ширум светот – остатоци од него се пронајдени во Европа, Африка и Индија. Со текот на времето, речиси и да не се променило, што само покажува колку е ефикасен неговиот природен дизајн.

 

Непробоен оклоп и моќни вилици

Алигаторскиот гар може да достигне должина од три метри и тежина од 100 до 150 килограми. Со уста полна со остри заби и тело заштитено со лушпи потврди од бетон, оваа риба е на врвот на синџирот на исхрана. Возрасните единки немаат природни непријатели – дури ни алигаторите не се осмелуваат да ги нападнат.
Лушпите на рибата се направени од ганоин – исклучително цврст материјал составен од апатитни кристали и протеини со мала содржина на метали. Овој оклоп е толку цврст што не може да се пробие со нож или харпун. Во минатото, староседелците ги користеле овие лушпи како врвови за стрели и копја.

 

 

 

Совршен предатор без ограничувања

И покрај тежок оклоп, рибата гар е исклучително подвижен ловец. Со само еден брз потег, ја фаќа жртвата во своите моќни вилици. Неговото мени не се состои само од риби – во него влегуваат и птици, желки, па дури и ситни цицачи што ќе се најдат во погрешно време на погрешно место.

 

Приспособливост што ја прави неуништлива

Алигаторскиот гар е неверојатно отпорен на промени во животната средина. Кога реките се повлекуваат во сушните сезони, тој преминува од слатка во соленкава вода. Ако водата е сиромашна со кислород, оваа риба може да вдишува атмосферски воздух преку специјализиран воздушен меур – слично како што дишат цицачите.
Дури ни неговите јајца не се ранливи – тие се отровни и ги одвраќаат предаторите. Женките можат да снесат до 150.000 јајца, обезбедувајќи континуиран опстанок на видот.

Од американските реки до Кина

Иако човекот значително го намалил природното живеалиште на оваа риба, таа повторно најде начин да преживее. Денес, популации на гар се појавија во Кина, каде што успешно се прилагодија на новите услови. Властите таму се обидуваат да ги искоренат, но безуспешно.
Со животен век од 50 до 75 години, а некои единки достигнуваат и 95 години, рибата гар е вистински преживувач. Оваа риба докажува дека природата знае да создаде совршени предатори – а алигаторскиот гар е една од нив.

 

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *