д-р Беки Кенеди: Грешката број 1 на родителите која ја убива довербата кај децата
Д-р Беки Кенеди е клинички психолог, автор на бестселер и основач на платформата Good Inside., Нејзините идеи за воспитување деца предизвикаа вистинска револуција во начинот на кој родителите размислуваат за своите деца – и за себе. Во разговор за подкастот On Purpose, таа ги разоткрива заблудите на речиси сите родители, и зошто обидот за среќни деца всушност создава вознемирени возрасни.

Содржина:
- Погрешни пристапи кон детските чувства
- Современите родители имаат намалена трпеливост поради инстант задоволства
- Секоја негативна реакција кај детето е резултат на чувства без умеења
- „Мама-вина” не е вистинска вина, туку непотребно преземање на детските чувства
- Поправањето на грешките создава посилна врска со детето отколку беспрекорноста
- Оптимизирањето за среќа во детството води до вознемиреност во возрасна доба
- Границите се однесуваат на тоа што ќе направи родителот, а не што треба да направи детето
- Децата мора да извршуваат непријатни задачи дома за да изградат чувство на влијание
- Само две работи го сочинуваат здравото родителство: граници и потврдување на чувствата
Погрешни пристапи кон детските чувства
Претходните генерации родители речиси и не ги забележувале чувствата на децата. Детето не сакало да оди кај тета Сали? „Облечи ги чевлите и тргнуваме.” Крај. Денес сме отишле на сосема спротивна страна. Детето не сака? Го откажуваме одењето. Не сака да го напушти игралиштето? Останувараме подолго. „Поминавме од тоа дека воопшто не им ги земавме предвид чувствата на децата, до тоа дека сме вознемирени од нивните чувства”, вели Кенеди. „Затоа им го даваме воланот.” Ни едното ни другото не е добро за децата. Правилниот пат е средината: да се признае чувството на детето – и сепак да се постави граница. „Разбирам дека ти е здодевно кај тета Сали. Те слушам. И одиме – зашто се договоривме како семејство. Можеш да протестираш во автомобилот. Ќе се справиш со тоа.” Тоа е она кое Кенеди го нарекува „авторитет без агресија” – нешто кое ретко се моделира, но е суштински важно.

Современите родители имаат намалена трпеливост поради инстант задоволства
Зошто е толку тешко да се постави граница кога детето плаче? Кенеди дава неочекуван одговор. „Возрасните сме се навикнале на сè поголема леснотија во животот. Телефони, допамин, инстант задоволство. Нашата толеранција на фрустрација опаднала. А децата не можат да научат да толерираат чувства кои ние не ги толерираме во нив.” Со други зборови: кога дете плаче и ние попуштиме – честопати не е затоа што го сакаме нашето дете. Едноставно не сакаме да го чувствуваме сопственото незадоволство. „Ако јас не можам да ја толерирам нивната тага или разочарување, тие не учат да ја толерираат. И затоа потоа изгледа дека нивните чувства ги донесуваат сите одлуки.”

Секоја негативна реакција кај детето е резултат на чувства без умеења
Кенеди го опишува она кое стои зад секое лошо однесување кај дете – удирање, лаги, агресија: „Децата се раѓаат со сите чувства и ниту едно умеење да ги управуваат. Секое лошо однесување е знак дека чувствата се поголеми од умеењата. Проблемот не се чувствата. Проблемот е недостатокот на умеења.” Затоа решението не е казна или викање. Решението е изградба на умеења – баш онака како тренер работи со спортист.

„Мама-вина” не е вистинска вина, туку непотребно преземање на детските чувства
Скоро секоја мајка го познава тоа чувство: сакаш да излезеш на вечера со пријателки, детето те фаќа за нога, плаче. И потоа доаѓа „мамината вина.” Кенеди вели дека тоа воопшто не е вина. Вина е чувство кое го имаш кога постапуваш спротивно на своите вредности. Ако твоја вредност е да се видиш со пријателки – тогаш оваа ситуација не создава вина. „Она кое се случува е нешто поинакво. Гледаш дека детето е вознемирено и автоматски го преземаш тоа чувство во своето тело. Го нарекуваш вина. И го менуваш она кое го правиш, за да се почувствуваш подобро – не за детето.” Нејзиниот модел: замисли тениски терен со стаклен ѕид. Ти си на едната страна. Детето на другата. Неговите чувства му припаѓаат нему. Ти можеш да ги видиш, да сочувствуваш – но не треба да ги преземеш во своето тело.
Поправањето на грешките создава посилна врска со детето отколку беспрекорноста
Кенеди е директна: совршени родители не постојат. И не само тоа – дури и не би биле добри за децата. „Врската која ја градиш со своето дете е темел за секоја врска потоа. Ако твоето дете расте со некој кој е совршено усогласен со неговите потреби секогаш – каква врска ќе бара потоа во живот?” Она кое навистина е важно е поправањето. Кенеди го нарекува тоа „најважна стратегија за родителство – и за секоја врска.” Сценарио кое го познаваат скоро сите: цел ден вложуваш напор. Детето кон крај на вечерата коментира дека пилешкото е гадно. Нешто во тебе пукнува. Клучот не е во тоа дека си ги изгубила нервите – туку во тоа дали го поправаш потоа. „Кога дете ќе остане само со тие интензивни чувства без да добие приказна од родителот, честопати само смислува приказна. И таа приказна е: мора да е мојата вина. Јас сум лошо дете.” Поправањето не значи само „извинувам.” Значи: „Се извинувам за врескањето. Никогаш не е твоја грешка кога јас врескам. Работам на себе.” Таа промена го менува и начинот на кој споменот живее во телото на детето – не само во тој момент, туку засекогаш.
Оптимизирањето за среќа во детството води до вознемиреност во возрасна доба
Едно од најмоќните тврдења на Кенеди: „Колку повеќе оптимизираш за среќа во детството, толку повеќе всушност го програмираш мозокот за вознемиреност кога ќе порасне.” Замисли дете кое се враќа дома и вели: „Јас единствено во класот не умеам да читам.” Родителски инстинкт: да го разубеди, да го спасиме, да го пренасочиме кон нешто подобро. Кенеди го нарекува тоа „клупа.” Детето седи на клупата на некое непријатно чувство – разочарување, срам, завист. А родителот или се обидува да го убеди дека не е таа клупа, или го одведува на посончева клупа. „Она кое децата навистина го бараат е некој да седне до нив. Затоа што ако јас – нивниот родител – можам да седам на оваа клупа покрај нив, не може да биде толку страшно.” Три реченици кои тоа го прават: „Фала ти што ми го кажуваш ова.” „Ти верувам.” „Кажи ми повеќе.” Резултатот? Во 99% од случаите – детето само станува од клупата пред тебе. „Мамо, дали може сега да земам ужина?” Тоа е знак дека не му требало решение. Му требало само да знае дека неговото чувство е реално.
Границите се однесуваат на тоа што ќе направи родителот, а не што треба да направи детето
„Оваа личност не ги почитува моите граници“ – според Кенеди, оваа реченица често покажува погрешно разбирање на самиот поим граница. „Границата е нешто што му кажуваме на другиот што ние ќе направиме, а не што тој треба да направи.“
На пример, ако кажеме: „Не ги притискај копчињата во лифтот“, тоа не е граница. Со таква реченица, всушност, му ја препуштаме контролата на четиригодишно дете.
Вистинска граница би била: „Кога ќе влеземе во лифтот, ќе застанам меѓу тебе и копчињата.“ Тоа не е нешто што му го наметнуваме на детето, туку нешто што го правиме ние – за да му помогнеме да се чувствува сигурно и да не дојдеме во ситуација да поставуваме закани што нема да ги исполниме.
Децата мора да извршуваат непријатни задачи дома за да изградат чувство на влијание
Кенеди нагласува дека децата треба да прават и работи што не им се пријатни. Не само поради дисциплина, туку затоа што така развиваат чувство на способност и влијание.
„Кога детето мие чинии, гледа конкретен резултат – чиниите биле мрсни, а сега се чисти. Јас го направив тоа. Тоа создава директна врска со чувството на смисла.“
Таа додава дека кога ние ги правиме работите наместо нив – решаваме проблеми со другарите, пишуваме мејлови до тренерот или се јавуваме во училиштето – всушност им ја одземаме можноста сами да се снајдат.
„Кога детето само ќе се справи со нешто, пораката што ја добива е: ‘Јас сум личност која може да прави тешки работи.’ Тоа не може да се купи, ниту да се научи со зборови – мора да се доживее.“
Само две работи го сочинуваат здравото родителство: граници и потврдување на чувствата
На прашањето „Која е всушност задачата на родителот?“, Кенеди дава едноставен одговор: во секоја ситуација, важни се две работи.
Прво, поставување граници – тоа му одговара на детето на прашањето: „Дали сум безбеден?“
Второ, потврдување на чувствата – тоа одговара на прашањето: „Дали сум реален? Дали тоа што го чувствувам навистина постои?“
„Децата имаат силни чувства кои често немаат видлива надворешна манифестација. Нема рана, нема крв, но чувството е тука. Затоа тие треба да знаат: тоа што го чувствувам – дали е реално?“
Кога родителот ги потврдува чувствата, тоа не значи дека се согласува со однесувањето. Тоа значи: „Гледам што чувствуваш и тоа е реално за тебе.“
Кога границите и потврдувањето на чувствата одат заедно, тие создаваат емоционално стабилни и отпорни возрасни личности.

Коментирај анонимно