Да гласаме за Анастас: Македонски DJ меѓу 25 најдобри во светот – доби шанса да настапи на главната сцена на UNTOLD
Младиот македонски продуцент и DJ Анастас постигна значаен меѓународен успех, откако беше избран во престижната програма „Untold Creators by Visa“, организирана од еден од најголемите музички фестивали во светот – UNTOLD во Трансилванија, Романија.
Во конкуренција од дури 11.366 апликации од целиот свет, Анастас се најде меѓу само 25-те избрани артисти кои ќе бидат дел од оваа интернационална програма. Дополнително, ова е прва година во која фестивалот отвора можност за учество на артисти надвор од Романија, што го прави успехот уште позначаен.

Во рамки на програмата, учесниците имаа можност да работат и да учат од врвни светски продуценти и ментори од електронската музичка сцена, а како финален проект снимија авторски DJ сетови кои сега се претставени пред публиката.
Во моментов е отворено официјалното гласање за најдобар DJ сет, а поддршката од публиката ќе биде клучна во следната фаза од натпреварувањето.
Четворица од учесниците ќе добијат можност да настапат на фестивалските сцени на UNTOLD, додека еден од нив ќе биде избран за настап на главната сцена пред десетици илјади посетители, заедно со светски музички имиња како Sting, Martin Garrix, Kygo, Afrojack, Lost Frequencies и многу други.
„Ова е ретка можност млад македонски артист да ја претставува земјата на една од најголемите музички сцени во светот, а секој глас може да направи огромна разлика“, порачуваат од тимот на Анастас.

Анастас е 26-годишен DJ и продуцент од Скопје, чие име сè почесто се поврзува со домашната и регионалната електронска сцена. Во изминатиот период настапуваше заедно со познати артисти како Argy, Hugel и Andrew Meller, а беше и резидент DJ во „Станица 26“ заедно со Галоски.
Неговата музика е објавувана за реномирани електронски лејбли како Cafe De Anatolia и Garden of Dreams, додека неговиот препознатлив звук претставува комбинација од melodic house, organic елементи и современа електронска продукција. Исто така можете да дпзнаете повеќе за него на неговиот Инстаграм профил.
Гласањето за Анастас е отворено на следниот линк:
http://bit.ly/4u0w9bD
Повеќе информации за фестивалот UNTOLD се достапни на: https://untold.com


Коментирај анонимно