Да не остане покуса: Ким Кардашијан не заборава да се пофали дека е згодна под туш и дека вежба два часа на ден
Пред некоја недела сестра ѝ се сликаше исто вака во бикини, па сега 42-годшината Ким, да не остане покуса, одлучи да ни го покаже нејзиното тело во бикини. И исто така затоа што ни е од многу големо значење во нашите животи да ни каже дека вежба ДВА ЧАСА на ден.

Еден ден претходно Кардашијан беше видена како вежба многу напорно во теретана цели два часа. Реалити ѕвездата се фалеше со неверојатните резултати од нејзината рутина за вежбање. Основачот на Skims исто така сподели дека вежбала со нејзиниот личен тренер, основачот на апликацијата CrushIt, Сенада Грека (40), два часа.
Всушност Пит Дејвидсон ја снимаше Ким како вежба и ни откри дека двочасовното вежбање ѝ помага да ги намали последиците од џет-лаг. Затоа што само што се вратила од Европа каде што била на модната ревија во Милано и плус да го снима нејзиното шоу. Ах, проблемите на богатите… Но добро, се додека нешто ѝ помага околу тоа и ние не се стресуваме.
„Ништо како 2-часовен тренинг со Сенада Грека за да го вратам мојот џет-лаг на вистинскиот пат“, напиша таа на една од фотографиите.

Поранешната сопруга на Канје Вест внимателно го дополни својот изглед со жолто златно синџирче за стомак со вкрстен привезок. Но, со самото тоа што е поранешна сопруга на Канје Вест можеби треба да размисли да го повежба и мозокот во библиотека, што мислите?
Секако ние уживаме во добри мозоци, но за на слика не е важни, па затоа еве поуживајте и во овие фотографии.





alert(“hello”);
Коментирај анонимно