Да се потсетиме на старите добри времиња! Работи кои ќе ги разберат само оние кои живееја во раните 2000-ти

Постои изрека која вели дека „работите беа подобри во старите денови“. Можеби се сомневаме во тоа, бидејќи мора да го користиме телефонот за да се поврземе на Интернет или да плаќаме за секоја СМС порака што ја испраќаме не се многу позитивни работи, па сега дури и се чини дека се од паралелен универзум.

Ние решивме да не обеземе малку носталгија со сеќавање на работите од 2000-тите кои денес изгледаат како пред многу векови.

1.

Треба да ги избришете СМС пораките бидејќи вашиот мобилен телефон може да складира само 10.

2.

Ctrl+ F не постоеше. Ако сакате да истражувате треба да одите во различни бибилиотеки и да барате и пребарувате низ книгите. А ако најдете тогаш треба да направите копија од тоа.

 

3.

Не може да се паузира ТВ. Кога ќе почнат рекламите тоа е одлично време да одите до тоалетот или да си земете нешто за грицкање. Исто така емисијата што ја сакате не можете да ја снимите, мора да ја чекате во одредено време и да бидете слободни за да ја гледате.

4.

Возење без GPS, ама затоа имате хартиена мапа. Се надеваме дека знаете како да ја читате. Подобро да се надеваме дека е ажурирана…

5.

Слушање радио со часови за да се снима на касета кога ќе почне вашата омилена песна. А сакате да го знаете текстот на песната? Тогаш подобро земете лист и пенкало и запишувајте брзо тоа што сте слушнале.

 

6.

„Пшххкккккрррррр какингкакингкакингтш чччччччч динг динг“ – ве потсетува на нешто? Dial-up! Време е за да поседите на интернет.

7.

Порано се јавувавте на некоја личност и не добивавте одговор. Можеби со денови немаше да чуеш од некого. Немаше такво нешто како да се јавите на мобилен телефон за да дознаете каде е некој“. Уште полошо, сакаше да се јавиш на девојка, а нејзиниот татко се јави на телефон!

 

8.

Премотување на VHS лента.

9.

Одите на одмор и сакате да се сликате? Добро купете филм и фотографиите ќе ги добиете кога ќе се вратите од одмор и отидете да го развиете филмот. А да, филмот е ограничен така да по една слика, на која што нема да видиш како си испаднал, е доволна.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *