Да те удри гром и не било така лоша работа: Човек од Кина бил удрен од гром два пати, а потоа се разбудил со НЕВЕРОЈАТЕН талент, којшто никој не може да го објасни

На почетокот на 2023 година, во кинеската провинција Гансу се случи настан кој радикално го промени животот на 38-годишниот наставник по кинески јазик. За три минути два пати го удрило гром. По првиот удар, тој брзо се вразумил и продолжил по својот пат, но само неколку минути подоцна се случил вториот удар, а тоа веќе било нешто неверојатно.
Првично се чинело дека човекот е мртов. Лежел неподвижен на асфалтот додека загрижените минувачи не повикале брза помош. За среќа, лекарите реагирале брзо и ја однеле жртвата во болница. Таму тој поминал околу две недели во кома.

 

 

 

Меѓутоа, кога се освестил, започнале неверојатни промени. Ударите од гром биле силни: и мозокот и телото на човекот биле оштетени. Тој изгубил дел од видот, станал глув на едното уво и имал проблеми со меморијата. Но, покрај ова, се случило и нешто што на почетокот изгледало неразбирливо.

Неговата сопруга прва го забележала тоа кога слушнала чуден акцент во говорот на нејзиниот сопруг. Отпрвин мислела дека тоа се должи на оштетувањето на мозокот, но вистинската причина била помистериозна. Човекот почнал да размислува на непознат јазик, а потоа го преведувал на кинески и го изговарал. Тоа било нешто што никој не можел да го објасни.

Подоцна се покажало дека човекот одеднаш го „совладал“ древниот египетски јазик, поточно, дијалектот што го користеле старите Египќани за да комуницираат во 20-14 век п.н.е. За да се тестира овој феномен, човекот бил однесен во Музејот во Шангај, каде што била одржана изложба посветена на Стариот Египет. И се покажало  дека тој лесно може да ги чита натписите на средноегипетскиот класичен јазик.

 

 

Човекот-феномен тврди дека тој никогаш не го видел овој јазик, никогаш не го проучувал и не знаел ниту една буква или фраза во него. Но, откако двапати го удрило гром, неговиот мозок се чинеше дека сам го совладал древниот египетски јазик.

Сега кинескиот учител е поканет во кинеската археолошка заедница за да ја покаже својата дарба. Доколку се потврдат неговите способности, тој би можел да даде значаен придонес во проучувањето на Стариот Египет и можеби дури и да им помогне на египтолозите.

Сепак, овој настан го привлече вниманието и на психофизиолозите и невропсихолозите. Како можел мозокот на човекот да стекне информации за средноегипетскиот класичен јазик по толку силна изложеност? Истражувачите сè уште не можат да го најдат одговорот на овој мистериозен феномен. Можеби дополнителното истражување ќе помогне да се разбере како мозокот успеал да се репрограмира на овој начин.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!