Да ѕирнеме зад сцената на познатото француско кабаре „Мулен Руж“
Мулен Руж (Црвена Мелница) е кабаре во Париз, изградено во 1889 година и до ден денес е една од најпознатите атракции на француската престолнина. Карактеристика и препознатлив знак за ова старо кабаре е црвената ветерница на кровот.
Мулен Руж е туристичко одредиште, место кое нуди музика и танц за забава на возрасни посетители од целиот свет.
Познати изведувачи кои настапувале во Мулен Руж се Жозефин Бејкер, Френк Синатра, Џејн Аврил, Едит Пјаф и други.
Главен настан на вечерта во Мулен Руж е изведбата на традиционалниот француски кан-кан, кој се изведува и денес. Во раните денови на Мулен Руж кан-кан играле куртизаните за забава на машката клиентела. Се игра со енергични движења и имал за цел да го заведе потенцијалниот муштерија. Токму затоа, негова карактеристика е подигнувањето на здолништето и покажувањето на нозете, а понекогаш и малку повеќе.
Денеска ве водиме на една поинаква прошетка, да ѕирнете што прават девојките зад сцената.





























Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.

Коментирај анонимно