Дали Атлантида навистина постоела? Можеби конечно ја откривме легендарната изгубена цивилизација и тоа во Шпанија

Легендарниот град Атлантида – кој со векови се сметаше за мит – можеби бил пронајден само три километри од брегот на Кадис, Шпанија. Археолозите тврдат дека токму тука под водата се кријат остатоци кои потсетуваат на античката цивилизација со огромни храмови и пристаништа, проголтани од морето пред околу 11.600 години. Дали ова откритие конечно ќе донесе одговор на една од најголемите мистерии на човештвото?

Дали Атлантида навистина постоела? Можеби конечно ја откривме легендарната изгубена цивилизација и тоа во Шпанија

Археологот Мајкл Донелан тврди дека открил концентрични ѕидови и структури што одговараат на описот на Платон за Атлантида

По осум години анализа на морското дно со сонар и LiDAR-технологија, археологот Мајкл Донелан ги пронајде мистериозните концентрични кругови и ѕидови – високи преку шест метри – наредени во совршен ред. Најоштетените надворешни ѕидови потсетуваат на последици од големо цунами. Внатрешните ѕидови се сосема распарчени, како што потврдуваат скенирањата.

Археологот Мајкл Донелан тврди дека открил концентрични ѕидови и структури што одговараат на описот на Платон за Атлантида

Внатрешноста открива урбана хармонија – канали, распарчени градби и храм во центарот според описот на Платон

Меѓу ѕидовите се наоѓаат изрезбани канали, а во центарот се издига правоаголен остаток кој, според Донелан, најверојатно е храмот на Посејдон – срцето на митската цивилизација. Видеоматеријалот од неговиот документарец прикажува истражувачи што нуркаат и со свој очи ја набљудуваат првата подводна градба со остри агли и слоевити камени блокови, кои се потполно во согласност со античките записи.

Димензиите, формата и археолошките остатоци идентични со опишаното во делата на Платон, но потеклото останува мистерија

Според археологот, целата област е со големина колку Невада, додека анализиран е само мал дел. Тука се откриени спуштени ѕидови, канали и огромни правоаголни камени блокови, невообичаени за познатите древни култури. Платон во своите дела „Тимеј“ и „Критиј” опишува токму ваква урбана мрежа и епицентар на напредна цивилизација. Но, и по 20 нуркања, прашањето останува: дали ова навистина е изгубената Атлантида или уште една неразрешена мистерија на историјата?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *