Дали би ја бричеле главата на вашето бебе ако така косата му расте погуста и побрзо? Мислите ли дека тоа е во ред?

Руби Метјуз, од Австралија, стана „ѕвезда“ на социјалните мрежи, откако објави дека ја бричи главата на нејзиното бебе. Во септември оваа година таа се породила. Сега ќерката има три месеци и таа во едно видео откри дека ја избричила косата на ќерка си пред Божиќ твдејќи дека така станува погуста и побрзо расте.

Руби сподели видео од Холидеј со свежо избричената глава на интернет.

Таа рече: „Погледнете ја нејзината мала избричена глава“.

Нејзиниот син одговорил: „Не, не ми се допаѓа тоа“.

 

Мајката на три деца рече: „Моите деца се родени со темна коса која изгледа нерамномерно порасната. Сметам дека бричењето прави да расте побрзо, погуста и многу порамномерно“.

Руби рече дека методот очигледно функционирал подеднакво добро на нејзините синови Рокет (5) и Марс (4).

Руби не е првата мајка што го прави ова, вообичаена практика во многу култури да се бричи косата на бебето веднаш по раѓањето или во првите неколку месеци од животот.

 

Иако многу следбеници беа збунети околу методот на Руби, таа откри дека и други родители се обратиле велејќи дека го користеле истиот метод. Руби откри дека и биле испратени позитивни и охрабрувачки пораки од другите родители.

Руби рече: „Значи, излегува дека многумина од вас го направиле истото“.

 

Еден коментатор рече: „Ова ѝ го направив на ќерка ми од истата причина и функционира неверојатно. Апсолутно изгледа ужасно неколку недели, но вреди“.

Вториот коментатор рече: „Ова е 100% добра работа! Италијанците го прават тоа постојано!“

Трет коментатор рече: „Тоа е многу вообичаено во многу култури. Ги бричам главите на сите мои деца. И внуци. Сите тие имаат неверојатни глави со густа убава коса“.

А друг родител искоментирал: „И јас го направив ова и сите го изгубија умот. Но, јас сум фризер и тоа всушност функционира“.

Што мислите вие?

  • Denko напиша:

    ahhhh uste edna ZVEZDA , i patem topla voda izmisli
    znaci nasite majka babi prababi bile glupi, ovaa se najde pametna da ne prosvetli
    abe batali uste edno kurvice sto nesaka da raboti, pa glumi ludilo na internet za idioti da i gi plakaat smetkite i raskosniot zivot

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Denko Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *