Дали би учествувале во натпревар на јадење ЧИЛИ, а наградата за прво место е 3400 денари? На победникот треба да му следува и перење на желудникот после ова!

Снимен на фестивалот Black Deer Americana во Кент, Велика Британија. Овој натпревар за јадење чили се води помеѓу 10 натпреварувачи кои никогаш претходно не пробале! Се состои од 13 рунди, а лутоста на пиперката се зголемува секоја рунда. Ако пиете било каква течност испаѓате од натпреварот, ако повратите исто така.

Натпреварувачите ја јадат секоја пиперка заедно додека се борат со чувството на силна топлина што се чини дека им гори низ јазикот, усните, грлото и цревата. Ова е тест за издржливост, толеранција на болка и ментална сила. И сета оваа мака е за награда од 50 фунти, нормално ако сте победник.

Па ајде да го погледнеме нивното страдање.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *