Дали е ова врвниот лек за МАМУРЛАК? Доктор откри лесно решение за да си помогнете утрото откако „ќе претерате“ вечерта!

Ако некогаш сте се здобиле со пулсирачка главоболка откако сте испиле премногу пијачки претходната вечер – слушајте внимателно, бидејќи еден лекар тврди дека го има најдобриот лек за вашата пост-алкохолна агонија… и се што ви треба е чинија мраз и вода.

 

 

Д-р Крис Џексон, доктор по фармација од Остин, Тексас , стана вирален хит на „TikTok“ откако понуди начин за тоа како да се ослободите од посталкохолната главоболка, со потопување на лицето во голема чинија со ледена вода.

Д-р Џексон е пофален за неговиот „хак“, кој ги тера луѓето да го забиваат лицето во чинија со ледена вода за да си помогнат во ублажување на силните главоболки, гадење, вртоглавица и чувствителност на светлина и звук кои доаѓаат заедно со мамурлакот.
„Ова го вклучува делот од вашиот мозок кој е одговорен за варењето, што може да помогне при гадење“.

 

 

Тој додаде дека треба да го држите лицето во вода „10 до 15 секунди“ и да го забиете лицето „три пати“.

Д-р Џексон додаде дека тоа е решение кое помага при мигрена, анксиозност, мамурлак и, според здравствениот експерт, „прави чуда“.

Необичниот метод поттикна многу корисници да го пробаат со надеж дека ќе им помогне да оживеат по ноќното излегување.

Стотици корисници објавија видеа на кои додаваат вода и мраз во голем сад и го забиваат лицето внатре.

Во секое видео, корисниците на социјалните мрежи тврдат дека трикот „навистина функционира“ и дека „се чувствуваат неверојатно“ откако ќе го натопат лицето во ледената вода.

И додека многумина сакаат да ги искористат придобивките од оваа ледена вода за нивните мамурлаци, експертите додадоа дека има и разни други предности, што го прави ваш нов омилен трик.
Според „Healthline“, заледеното лице може да помогне во намалувањето на отечените очи, да ги олесни акните, да ги смири изгорениците од сонце, да го намали отокот и воспалението, да ги намали знаците на стареење и да ви помогне да ја подобрите кожата.

Корисниците се чинеше дека се согласуваат со здравствениот експерт и не можеа да престанат да го фалат за неговото едноставно, но ефективно решение.

 

 

„Добро, без лага, пробав, не беше веднаш, но петнаесетина минути подоцна чувството на мачнина исчезна“, коментира еден корисник.

Еден корисник напиша: „Не е ни чудо што студените тушеви отсекогаш ми делувале“.

„Ова секогаш сум го правела!! Ме прави да се чувствувам многу подобро“, додаде друг корисник.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *