Дали е вистина дека вонземјаните веќе комуницирале со човештвото во минатото?
Поранешниот агент за контраразузнавање, Луис Елизондо, тврди дека НЛО летала носат врежани симболи – можен облик на пораки од вонземјани. Како поранешен раководител на тајната американска програма AATIP, тој вели дека видел вселенски брод со „прецизни“ хиероглифи, а и други забележани неидентификувани летала имале слични ознаки.
Според него, симболите имаат значење – тие се начин за пренесување на мисли или наредби. Американската влада дури ги истражувала и споредувала со древни писма.
Елизондо истакнува дека постоењето на вакви натписи имплицира интелигенција слична на човечката: „Пишувањето е уникатно за луѓето, а ако НЛО носат симболи, нивните творци можеби не се толку различни од нас“.
Тој спомена и случаи на забележани „јајцевидни летала“, вклучувајќи го и она што војниот пилот Џејк Барбер неодамна наводно го транспортирал по наредба на американската одбрана.
Елизондо исто така тврди дека владата поседува вонземски микрочипови и материјали од урнати летала. Тој лично допрел еден таков имплант, опишувајќи го како „лизгав“.
Според него, вистината за НЛО мора да биде објавена: „Време е владите да ѝ кажат на јавноста што навистина знаат“.
Слични тврдења има и разузнавачкиот агент Дејвид Груш, кој вели дека САД пронашла остатоци и „вонземска биологија“ од најмалку 10 урнати НЛО летала. Дали ова е револуционерно откритие или само шпекулација, останува да се види во иднина.
Коментирај анонимно