Дали го знаете дедо Џорџ? Дедо Џорџ заслужува награда за тоа што го прави во паркчето во Велес

Па сигурни сме дека ние не го заслужуваме Џорџ кој на деструктивноста на народот реагира со добрина и хуманост. Дедо Џорџ купува свој материјал, клинци, боја и се што е потребно од неговата пензија која изнесува 18.000 денари, за да ги кова искршените летниковци во паркчето кај Училиштето Васил Главинов во Велес.

Апелираме кој може да му однесе материјал затоа што човекот навистина заслужува награда.

 

Луѓето излегоа со поддршка до Џорџ и дефинитивно со желбата сите да бидеме како Џорџ, да знаеме да го чуваме тоа што е наше и да се грижиме за него.

„Секогаш ќе има вакви луѓе со добро срце поради кои ќе веруваме во ЧОВЕКОТ во нас, за жал секогаш ќе има и невоспитани најпрво од дома, потоа од друштвото.. заради кои ќе се срамиме“.

„Убав пример за стари и млади. Нека ова кружи се додека не се појават повеќе како Џорџ, белким ќе се покачи свеста кај Велешани и ќе си го уредиме градот“

 

  • Васе напиша:

    Да го викнеме дедово да дојде во Скопје, да ги среди клупите на Средно Водно!!!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *