„Дали имате преголема емпатија кон туѓите чувства и емоции?“ и уште 4 други знаци кои укажуваат на тоа дека сте премногу чувствителна личност
Британски психолог заборува за пет знаци кои откриваат дали сте многу чувствителна личност: oд тоа што сте длабоко погодени од туѓото расположение, до потребата да се повлечете од средини што може да бидат претерано стимулирачки.
Д-р Џули Смит, клинички психолог со приватна ординација во Хемпшир, има повеќе од 4 милиони следбеници на „TikTok“ , каде што споделува видеа за теми поврзани со менталното здравје.
Во едно неодамнешно видео, таа сподели некои знаци кои детектираат дали можеби сте високо чувствителна личност (ХСП).
Според опширниот натпис што го придружува нејзиното видео, „препознавањето дека некои луѓе доживуваат поголема чувствителност од другите се заснова на децениско истражување на психотерапевтот Елејн Арон“.
Сепак, д-р Смит рече дека „клучно е да се истакне дека ова не е клиничка дијагноза. Тоа не е нарушување што треба да се промени“.
Во видеото, таа ги набројува знаците: „Број еден е тоа што расположението и болката на другите луѓе длабоко влијаат и на вас. Број два, кога сте во зафатена средина, често чувствувате потреба да се повлечете и да добиете олеснување од стимулацијата на таа околина. Трето, кога луѓето се обидуваат да ве натераат да правите премногу работи одеднаш, брзо станувате обземени од сите барања. Четврто, мразите промени и избегнувате многу да се случуваат поради сите силни емоции што доаѓаат со нив. Петто, кога треба да се натпреварувате или да настапувате пред други луѓе, станувате толку нервозни што правите многу полошо отколку што би правеле инаку“.
Пишувајќи во натписот на видеото, д-р Смит истакна дека чувствителноста може да има позитивно влијание врз вашиот живот, но и негативно.
Давајќи неколку примери, таа рече дека луѓето со ваква состојба „веројатно ќе бидат многу совесни и способни ако се концентрираат длабоко“, објаснувајќи дека тие можат да се истакнат во задачите што бараат „точност и брзина и откривање на грешки“.
Се чинеше дека ова видео погоди многу луѓе, кои отидоа во делот за коментари за да ги споделат сопствените искуства на оваа тема.
„Ова е мојот живот. Исто така, интернализирањето на искуствата на луѓето. Ниво на анксиозност: супер тешко“.
„Како да се справам со тоа? Може да биде исцрпувачки, особено справувањето со емоциите на другите луѓе. тоа најмногу ме погодува“.
Ги имам сите овие знаци од раѓање. Од се срце сакам да ги немав…
Коментирај анонимно