Дали јадењето моркови навистина помага да гледаме во темница?

Јадењето моркови секој ден може да ви го подобри видот, но, дали тие всушност можат да ви помогнат да гледате во темница? Краткиот одговор е не.

Во Втората светска војна, англиските војници користеле ново развиена радарска технологија за откривање и соборување германски авиони.

 

 

Не сакајќи да ја откријат нивната тајна, британското Министерство за воздухопловство почнало да објавува лажни информации дека морковите ќе му помогнат на човекот да гледа во темница, а дека исхраната со моркови на нивните војници им давава тактичка предност.
Иако, низа студии покажаа дека зеленчукот богат со витамин А може да биде добар за здравјето на очите поради високата доза на антиоксиданси, тврдењето дека тие можат да ви помогнат да гледате во темница не е вистина.

Витаминот е клучен за одржување на чистата рожница на една личност – проѕирниот филтер пред окото кој штити од нечистотија и прашината.

Тој е исто така составен дел на родопсинот, како фотопигмент во шипките на очите на една личност што му помага да гледа во услови на слаба осветленост.

 

Недостатокот на витамин А е водечка причина за слепило кај децата што сепак може да се спречи, според Светската здравствена организација.

Премалку од витаминот може да доведе до сувост на очите, инфекции на грлото и градите, лошо зараснување на раните, катаракта, заматување на рожницата и макуларна дегенерација, каде што центарот на видот на една личност е заматен од кој потоа може да се наруши видот или да настане слепило.

  • N . N . напиша:

    Taka e jadi fosfor ke ti sveti ku………….

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *