Дали несвесно јадеме ХЕМИКАЛИИ коишто ќе останат во нашите тела засекогаш? Еве во кои овошја и зеленчуци ги има најмногу и треба да внимавате!

Јагодите се на врвот на листата на овошје и зеленчук од супермаркетите за кои е откриено дека содржат потенцијално опасни токсини од пестициди.

Супстанциите создадени од човекот, наречени PFAS, се познати како „засекогаш хемикалии“ бидејќи можеби никогаш нема да го напуштат телото откако ќе се конзумираат. Тие се поврзани со сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи рак , висок холестерол, намалена функција на бубрезите, болест на тироидната жлезда, ниска плодност , потиснат имунолошки систем и ниска родилна тежина кај бебињата. Исто така, се стравува дека тие ќе влијаат на растот, учењето и развојот на однесувањето кај доенчињата и децата.
Откриено е дека 95 отсто од јагодите содржат PFAS.

 

 

 

Други намирници кои ги содржеле токсините вклучувале грозје (61 отсто), цреши (56 отсто), спанаќ (42 отсто), домати (38 отсто) и праски (38 отсто).
Хемикалиите PFAS се користат во пестициди и производи за домаќинството како што се нелепливи тави за пржење, облека, козметика, пакувања на храна и пената за гаснење пожар.

Ник Мол, од „Pesticide Action Network UK“ (Пан ОК), рече: „Со оглед на зголемениот број докази кои го поврзуваат PFAS со сериозни болести како што е ракот, длабоко е загрижувачки што на потрошувачите не им останува друг избор освен да ги внесат овие хемикалии, од кои некои може да останат во нивните тела долго во иднина“.

PFAS, што значи пер- и полифлуороалкил супстанции, се семејство од повеќе од 10.000 хемикалии. Некои можеби никогаш нема да се разградат ткако ќе се најдат во околината или нашите тела.

 

 

Траги од хемикалиите се наоѓаат и во повеќето извори на вода. Малите количини се сметаат за безбедни, иако посебна студија на Универзитетот во Нов Јужен Велс покажа дека 69 отсто од глобалните примероци на подземните води ги надминале безбедните граници.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • Pogrebalno напиша:

    Dobro e i treba homosapiensot sustestvoto lugje da se true i da se namali po moznost i da izumre da se nahrani planetata i da se obnovat fosilnite goriva za nekoj nov vid koj sto bi ja naselil vo idninata.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *