ВЕЧЕРВА е шансата да замислите НЕ ЕДНА, туку многу желби додека небото е исполнето со ѕвезди кои паѓаат. Еве зошто!

Ако сте љубители на гледање ѕвезди, погрижете се да го насочите погледот кон небото оваа вечер.

Додека метеорскиот дожд Delta Aquariids официјално го достигнува својот врв во петок навечер, вечерва е вашата најдобра шанса да видите ѕвезди кои паѓаат. Тоа е затоа што од 18:55 часот вечерва ќе има Нова Месечина – фаза на Месечината во која осветлената страна е свртена кон Сонцето, што го прави нашиот лунарен сателит невидлив на ноќното небо.

Иако делта аквариидите може да биде тешко да се забележат, недостатокот на светллината поради Новата Месечина ќе ги направи сите ѕвезди кои паѓаат навистина да се истакнат на ноќното небо.

„Аквариидите на јужната делта се активни почнувајќи од средината на јули и се видливи до крајот на август“, објаснува НАСА. „Овие слаби метеори тешко се забележуваат и ако Месечината е видлива, нема да можете да ги гледате“.

Ѕвездите што паѓаат ќе бидат особено видливи оваа вечер благодарение на новата месечина. Како и Земјата, така и Месечината има дневна и ноќна страна, кои се менуваат како што Месечината ротира. Сонцето секогаш осветлува половина од Месечината, додека другата половина останува темна, но колку можеме да видиме од осветлената половина се менува додека Месечината патува низ својата орбита.

Нова Месечина е невидливата фаза на Месечината, со осветлената страна свртена кон Сонцето и ноќната страна свртена кон Земјата.

Ако сакате да ги видите, НАСА советува: „Најдете област далеку од градските или улични светла. Дојдете подготвени со вреќа за спиење, ќебе или столче. Легнете рамно на грб и погледнете нагоре, заземајќи што е можно повеќе од небото. За помалку од 30 минути во темнината, вашите очи ќе се прилагодат и ќе почнете да гледате метеори. Не брзајте – шоуто ќе трае до зори, за да имате доволно време да гледате“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *