Дали сте ги виделе и дали сте ги прочитале оригиналните 3 документи на кои се заснoва независна и самостојна Македонија? За политичарите прашувам!
На 8 септември 1991 година убедливо мнозинство – 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“
На гласањето, според официјалните податоци, од 1.495.626 гласачи излеггоа 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85 отсто, а од вкупниот број граѓани кои гласаа на Референдумот позитивно се изјаснија 1.079.308 граѓани односно 95,09 отсто. Резултатите сами по себе говорат за успешноста на Референдумот. Во официјалниот извештај на Комисијата за спроведување на Референдумот се вели дека за начинот на кој е спроведен не се поднесени приговори или жалби поради неправилности или повреди на одредбите на Законот за републички Референдум. Комисијата ја констатира масовноста на граѓаните со право на глас во Македонија кои се изјаснија „ЗА“ самостојна и суверена Македонија.
На референдумот му претходеше првиот од 3-те најзначајни документи:
1. ДЕКЛАРАЦИЈА за сувереност на Социјалистичка Република Македонија
Усвоена од првиот повеќепартиски Македонски парламент на 25 јануари 1991 година.


Процесот на осамостојувањето е заокружен преку одлуката на Собранието на Република Македонија, на седницата од 17 септември, 1991 година, врз основа на резултатите од Референдумот за самостојна и суверена Република Македонија од 8 септември 1991 година, со што е потврдена волјата на народот.
2. ДЕКЛАРАЦИЈА за независност



3. ДЕКЛАРАЦИЈА за мегународно признавање на Република Македонија како суверена и независна држава

ЧЕСТИТ ПРАЗНИК МАКЕДОНЦИ! ВЕЧНА НЕКА НИ БИДЕ МАКЕДОНИЈА!

i taka istorijata se povtoruva pak sme RSM 😀
Коментирај анонимно