Дали сте од оние кои будно го гледаат филмот од почеток до крај? 10 скриени детали во филмови, кои сме сигурни дека не сте ги забележале претходно!

Филмските продуценти сакаат да испраќаат скриени пораки до својата публика користејќи мали детали. Тие можат да сокријат приказна во позадината на сцената или да ги натераат ликовите да кажат работи со други значења. И тука сме, копаме подлабоко за да го разбереме тој „таен јазик“.

Сите уживаме во наоѓање скриени детали во филмовите. Затоа, ајде да видиме што се можеме да разоткриеме денес.

1. Хари Потер и полукрвниот принц

Во Хари Потер и полукрвниот принц, еден весник наведува дека вештерка по име Амелија Боунс била пронајдена убиена во нејзиниот дом. Таа беше вештерката што го бранеше волшебникот во „Хари Потер и Редот на Феникс“.

2. Chip ‘n’ Dale: Rescue Rangers (2022)

Во „Chip ‘n’ Dale: Rescue Rangers“, можете да видите дека Доби куќниот елф стана модел за „Гучи“ по завршувањето на серијата Хари Потер.

3.„ Turning red“ (2022)

Во  „Turning Red“, овие 2 девојки имаат сини дамки на рацете. Тие се всушност „комплети за инфузија на инсулин“ за дијабетес тип 1. На Сузан Фонг, техничкиот надзорник на филмот, како дете и бил дијагностициран дијабетес тип 1.

4. „Don’t look up“ (2021)

Во „Don’t Look Up“, токму додека Кејт му кажува на своето момче: „Комета поголема од онаа што ги уништи диносаурусите се упатува директно на Земјата“, токму во тој момент, во позадина се гледа момче облечено во облека од диносаурус.

5. „Hercules“ (1997)

Во Херкул, Хадес вели: „Момци, опуштете се. Тоа е само полувреме“, точно на 46-минути, половина од 92-минутниот филм.

6. „Home Alone“ (1990)

Во „Сам дома“, кога ги бројат луѓето за патувањето, велат дека има вкупно 17 луѓе. Непарен број помеѓу 2 комбиња значи дека тие ќе бидат поделени со 8 и 9. Бидејќи Кевин го немало и двете комбиња имале по 8 места, секоја група претпоставувала дека биле во комбето вкупно 8 лица, не сомневајќи се во ништо.

7. Роки (1976)

Талија Шајр боледувала од грип за време на снимањето и била загрижена да не се разболи Силвестер Сталоне, поради што Адријан се двоумела да го бакне Роки во неговиот стан по нивниот состанок. На крајот било подобра од планираната сцена, па така и била задржана во филмот.

8. „Knives Out“ (2019)

Во „Knives Out“, џемперот на Ренсом има искината јака и неколку забележливи дупки. Костимографот го додал овој детал за да ја покаже ноншалантноста на Ренсом кон неговото богатство и непочитувањето на неговото семејство.

9. „Хари Потер и затвореникот од Азкабан“ (2004)

Во „Хари Потер и затвореникот од Азкабан“, волшебник ја чита „Кратката историја на времето“ на Стивен Хокинг.

10. „Куќата на змејот“ (2022)

Во „Куќата на змејот“, епизода 3, кралот Висерис I Таргариен носи ракавица со неколку зелени прсти наместо да биде направено, да му недостасуваат прсти. Сепак, гледачите не требало да ја видат зелената ракавица.

Што е најчудното нешто што сте го забележале на филм или серија?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *