Дали сте сигурни дека е само бујна фантазија? 13 пати кога децата кажаа морничави работи од кои навистина ќе ви замрзне крвта
Поради нивната бујна имагинација, децата добиваат шанса да искусат работи за кои возрасните немаат поим. И иако е од витално значење да се негува детската имагинација, понекогаш работите можат да станат толку морничави што само посакуваме малку да ја ублажат фантазијата. Не е најпријатно да се доживее детето да ве разбуди среде ноќ велејќи дека некој доаѓа по вас. Овие приказни споделени подолу ќе ви ја покажат точно големината на имагинативниот капацитет на децата.
1.
3-годишно девојче што го чував еднаш почна да се смее и покажа накај прозорецот велејќи: „Тој сака да влезе, ама не може“. Како што пополека ја свртев главата накај прозорецот таа додаде: „Сега пак прави фаци“. Немаше никој надвор.
2.
Кога бев мала сум му се обратила на татко ми со неговото име и сум му рекла „Не знаеш која сум јас нели?“ Кога тој рекол: „Ти си ми ќерка“. Јас сум рекла: „Не, јас сум ти мајка“.
После тоа татко ми бил исплашен затоа што јас сум родена точно во 12 на полноќ дента кога починала баба ми.
3.
Мојот братучед имаше две години кога прв пат виде слика од Титаник. Рече дека бил таму и дека бил многу повреден затоа што бродот удрил во голем камен.
James Cameron’s 1997 epic Titanic is being rereleased in 3-D.
4.
Кога мојата ќерка беше доволно голема за да оформува реченици, ми кажа дека кога се раѓала избрала јас да ѝ бидам мајка. Сега има 12 години и вели дека сѐ уште се сеќава дека ме избрала.
5.
Мојот внук кога беше мал имаше замислен пријател со кој си зборуваше. Неколку години подоцна мајка му му покажала слика од неговиот дедо и тој рекол дека тој е пријателот со кој си зборувал.
6.
Секоја вечер до 9 години ќерка ми се будеше сред ноќ, ми ја допираше раката па се враќаше на спиење. Еден ден ја прашав зошто го прави тоа. Таа рече: „Сакав да се осигурам дека си добро. Мојата прва мајка загина во сообраќајка“

7.
Се сеќавам дека кога имав 3 години отидов плачејќи во спалната на моите затоа што видов како некоја жена стои над мојот кревет. Ова траеше некое време додека не се одлучивме да се преселиме. Испадна дека жената на газдата починала во таа соба кај што спиев.
8.
Мојата мала ќерка знаеше да ми кажува „Кога ти бев татко, те држев во раце и те лулав“.
И јас бев татина девојка кога бев мала и навистина често ме држеше во раце и ме лулаше додека не се смирам. Никој не ѝ кажал на ќерка ми за тоа затоа што татко ми почина многу одамна пред да се роди таа.
9.
Ќерка ми почна да зборува многу рано. Кога имаше 18 месеци ми рече „Знаеш што мамо, се сеќавам пред 125 години, кога бев мртва…“ Се разбира дека никогаш го немавме зборувано концептот да бидеш мртов!
10.
Кога ќерка ми имаше три години рече дека некоја жена ја гледа кога и да одиме во паркот. Тоа навистина ми беше морничаво.
Па кога отидовме да го посетиме дедо ѝ, кој живееше во друга држава, таа ја препозна жената на една од фотографиите. Тоа беше слика од баба иѝкоја беше почината веќе 25 години.

11.
Мојата 3-годишна ќерка беше во фазата дека има чудовиште под креветот.
Една вечер не ме пушташе и почнав да се нервирам после пола саат убедување дека нема ништо.
Во последниот обид ѝ реков дека ѝ ветувам дека нема никакви чудовиште под креветот.
Таа ми рече „Знам. Сега е позади тебе“.
12.
Мојот дедо има пораснато на фарма и подоцна во животот имаше фарма со кокошки. Почина кога имав 5 години. Кога мојот син имаше 3 години, тој почна да зборува за некоја фарма, со многу детали и многу личеше на фармата на дедо ми. Кога го прашав кога било тоа тој рече „Кога ѝ бев дедо на мама“
13.
Еднаш пред спиење мојот 3 годишен син ми рече: „Мамо повеќе те сакам од мојата лажна мајка“
Јас: „А која е твојата лажна мајка?“
Син ми: „Не можеш да ја видиш. Таа доаѓа откако ти ќе си отидеш“

Коментирај анонимно