Дали сте знаеле дека постои правилен начин на јадење кроасан? Експертот по бонтон открива зошто треба да си седите дома, ако јадете кроасан вака…
Јадењето кроасани е национална „забава“ во Франција , но француската навика да ги потопуваат кроасаните во кафе не е прифатлива во Британија – „или во било кое високо општество“, според експертот за бонтон Вилијам Хансон.
Вилијам направи вирално видео на „Инстаграм“ во кое го објаснува правилниот начин на јадење кроасани, а првата поента што ја истакнува е дека „никако не го потопувате кроасанот во кафето“.
Колку и да е вкусен кроасанот натопен со кафе за некого, тоа е практика што најдобро треба да ја правите дома. Со затворени завеси“.
Во клипот, Вилијам објаснува дека „на сличен начин не користите путер на кроасанот“, бидејќи „тој е веќе подмачкан со путер“.

Друго нешто што е забрането е користење на нож за да се отвори кроасанот пред да се додаде џем или крем.
Вилијам вели: „Наместо тоа, скрши малку од кроасанот и додади џем или мармалад на тоа парче кроасан“.
Дали е учтиво да се јадат житарки за појадок?
Вилијам вели: „Житарките се помодерен производ за појадок, за споредба и иако никде не е традиционално, нема ништо лошо во изборот на житарки за појадок“.

Аууу, како требало да се јаде кроасанот?!
А, ние да почнеме да им кажувеме на французите како се јадат пиперки?
Како би реагирале тие самобендисании и самонаречени бон-тон креатори?
uste eden zabegan, vikaj zolto kombe 🙂
Жолтото комбе го користеше ВМРО за прислушкување! Викај комбе со друга боја! Со години „пердашам“ кроасани! Ги имам пробано сите, но најдобри се 7Days. Интересно е што сите доаѓаат со некој додаток „во нив“, па не ти треба ни мармалад (џем)! Само пари и добра воља. Но, да бидеме на чисто, за да се најаде човек, требаат дузина кроасани!
Коментирај анонимно