Дали сте знаеле дека во Индонезија не одат во тоалет три дена откако ќе се венчаат? Оваа и уште 9 други традиции од светот кои ќе ве зачудат…

Традициите создаваат чувство на припадност и се одлична причина да нè зближат до нашите пријатели, семејството и целата заедница во која живееме. Можеби затоа луѓето сè уште ги практикуваат, без разлика колку се стари или поинакви од денешниот начин на живеење. Исто така, учењето за традициите нè одржува поблиску и повеќе ангажирани со нашето минато. А чувството на блискост до нашето минато ни помага да се движиме кон иднината и да формираме сопствена личност и чувство за идентитет.

 

1. Во Грција родителите ги фрлаат млечните заби на детето на покривот

 

Во САД, малите деца ги чуваат забите под перниците додека не дојде самовилата да ги земе, но во Грција тоа го прават поинаку. Кога ќе му паднат млечните заби на детето, тие го земаат секој заб и со родителите го фрлаат на покривот од својата куќа. Додека детето го фрла забот, си замислува и желба за иднината. Исто така, се верува дека забите ќе донесат среќа на целото домаќинство.

 

2. Во Индонезија брачните парови мораат да следат строги правила

 

Во заедницата Тидонг во Индонезија, на брачните парови им е забрането да користат тоалет цели 3 дена откако ќе се венчаат. Се верува дека тоа долго време ќе донесе среќа на парот кој ќе може да ја задржи својата среќа уште многу години. Од друга страна, доколку го прекршат ова правило, се верува дека среќата ќе им биде краткотрајна.

Во текот на овие 3 дена, други луѓе се одговорни да ги надгледуваат, за да не изневерат. Им даваат мали количества храна и вода, па не им се јавува потреба да одат во тоалет. Тие исто така треба да се погрижат парот да не се ослободи тајно.

 

3. Во Данска, луѓето што немаат партнер, ги опсипуваат со цимет

Да имате 25 години во Данска, а сѐ уште да немате сопруг или сопруга, може да биде малку непријатно искуство. Тоа е затоа што нивните пријатели можеби ќе одлучат да ги истушираат со вода и потоа да почнат да фрлаат цимет врз нив. Водата му помага на циметот подобро да се залепи и иако ова изгледа како казна за слободните, всушност е смешен начин за другите да си поигруваат со своите пријатели.

Традицијата започнала пред стотици години кога продавачите на зачини патувале низ земјата за да ги продаваат своите производи и не биле во можност да се венчаат рано во нивниот живот. Во денешно време во Данска просечната возраст за брак е 34 години, но овој обичај некои сепак го следат само за забава.

 

4. На Филипините младите им се поклонуваат на постарите

Оваа традиција се нарекува „Мано“ или „Пагмамано“ и се пренесува од една генерација на друга. Кога некој помлад ќе поздрави постар, тие се поклонуваат пред него, им ја земаат раката и ја ставаат на челото. За време на овој поздрав, помладиот обично бара благослов од постариот. Сепак, традицијата не ја користат сите и зависи од тоа дали некој бил научен да го прави овој гест додека растел.

 

5. Во Тајланд се прават фестивали за мајмуни

Секоја година, во последната недела од ноември, луѓето создаваат богато бифе во кое можат да уживаат само илјадниците макаки во околината. Церемонијата започнува со настап на луѓе облечени во костими на мајмуни, а потоа се носат мајмуните. На масите има разновидно овошје и зеленчук, а животните можат слободно да јадат што сакаат.

Луѓето во Тајланд имаат голема почит кон мајмуните и веруваат дека животните им носат среќа. Потеклото на големата љубов и почит кон мајмуните датира од пред 2.000 години.

 

6. Во Германија се кршат работи пред куќата на мајката на невестата

Околу една недела пред парот да се венча, пријателите, семејството и речиси секој кој може да се појави во куќата на родителите на невестата, може да почне да фрла работи. Луѓето обично фрлаат работи што повеќе не им се потребни, вклучувајќи чинии и други порцелански или керамички предмети . Сепак, не е прифатливо да се фрлаат стакла или огледала бидејќи се верува дека носат лоша среќа.

Откако ќе заврши овој дел, брачната двојка што наскоро ќе се венча мора заедно да ги исчисти сите парчиња. Важно е чистењето да го прават заедно како знак дека до крајот на животот ќе мора заедно да се соочуваат и да ги решаваат проблемите.

 

7. Во Босна почетокот на пролетта го слават со матени јајца

За да ја прослават пролетта, Зеничани се собираат на реката Босна и создаваат големи огнови. На овие огнови ставаат масивни тави од леано железо каде што се пржат матените јајца. Стотици јајца се користат за да има доволно храна за да се нахранат сите луѓе што присуствуваат на фестивалот. Целата процедура започнува во зори, а јајцата симболизираат нов живот бидејќи доаѓањето на пролетта носи потопло време.

 

8. Во Глостершир се одржува трка по сирење кое се пушта од рид

„Cooper’s Hill Cheese Roll“ е многу популарно натпреварување што се случува во Глостер. Се користи цела пита сирење која тежи помеѓу 3-4 килограми. Сирењето може да оди до 112 км/ч и луѓето треба да се спуштат по рид од 182 метри за да победат. Лицето кое прво ќе стигне до крајот на ридот победува, а со себе го зема и ролатот со сирење.

Ридот е прилично стрмен – затоа многу луѓе паѓаат, а некои дури и ги скршиле рацете. Се верува дека натпреварот првпат започнал пред најмалку 600 години, но првиот писмен доказ за тоа е од 1826 година.

 

9. Во Канада имаат натпревар за замрзнување коса

Натпреварот за замрзнување коса „Eclipse Nordic Hot Springs“ е годишен настан на кој секој може да учествува. Надворешната температура во областа достигнува -20 степени, но натпреварувачите се внатре во топлите извори. Првиот чекор е да ја натопите главата во топла вода и да бидете сигурни дека вашата коса е целата убава и влажна. Потоа, ја држите главата надвор од водата додека не ви замрзнат сите влакна на лицето, вклучувајќи ги веѓите и брадата.

Се советува да ги одржувате ушите топли со периодично потопување во топла вода. Откако косата целосно ќе ви замрзне, можете да заѕвоните на ѕвончето кое се наоѓа веднаш до базенот, а персоналот ќе пријде за да ви ја фотографира.

 

10. Во Мексико го туркаат лицето на оној што слави роденден во тортата

Традицијата вели дека на роденденецот му се врзани рацете зад грб, а оние околу него треба да им го пикнат лицето во тортата. Дури и Салма Хаек учествувала во оваа традиција во 2021 година додека го снимала филмот „Eternals“. Таа ја замолила нејзината колешка, Анџелина Џоли, да и го втурне лицето во нејзината роденденска торта.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *