Дали тенисерката Аманда Анисимова навистина пие пиво за време на натпревар?

Се случило на 17 август 2026 на Cincinnati Open, за време на мечот на Аманда Анисимова против Александра Еала. Во паузата во вториот сет, Анисимова извадила чаша со пенлив пијалак и почнала да пие. Коментаторот Брет Хабер веднаш прашал што е тоа, а поранешната тенисерка Линдзи Девенпорт претпоставила дека можеби е јаболков сајдер. Хабер се пошегувал дека не би сакал да сугерира дека тенисерка пие пиво среде меч, ама токму така изгледало.

 


Мистеријата била решена малку подоцна. Еден од камерманите покрај теренот потврдил дека Анисимова побарала Red Bull и токму тоа ѝ било донесено. Камерите потоа ја фатиле и празната лименка покрај нејзината клупа. Значи — енергетски пијалак, не пиво. Добро е ќе спиеме мирно.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *