Дали ТИ се самосаботираш? Од одолговлекување до поставување неверојатно високи стандарди, психолог открива 6 знаци на самосаботажа

Психолог откри шест начини на кои може да се самосаботирате – од поставување неверојатно високи стандарди за себе до обесхрабрување пред да се обидете.

Д-р Лалитаа Суглани, овластен психолог со седиште во Бирмингем, ја сподели информацијата во објава на „Инстаграм“, кадешто има повеќе од 110.000 следбеници.

Во објавата таа вели дека однесувањето е само-саботирачко „кога создавате проблеми во секојдневниот живот и ги мешате со долгогодишните цели“.
Д-р Лалитаа додаде дека луѓето се самосаботираат од различни причини, кои може да вклучуваат „страв, слаба самодоверба, проблеми со довербата, високи очекувања и несоодветни вештини за односи“.
Таа објаснува: „За да избегнат непријатни чувства, луѓето ќе останат некаде каде што ќе се чувствуваат безбедно, контролирано и удобно, иако знаат дека не сакаат да бидат таму.

 

 

Сепак, психологот истакна дека е можно да се надмине самосаботажата и понуди информации и совети како да се постигне токму тоа.
Таа напиша: „Можете да ја надминете самосаботажата со тоа што ќе станете свесни за вашите модели на однесување и ќе ги промените. Колку повеќе сте свесни за вашиот начин на однесување, толку повеќе ќе можете да спроведете мали промени во вашиот секојдневен живот и да ги надминете“.

Меѓу шесте знаци дека можеби се самосаботирате, д-р Лалита наведе дека се обесхрабрувате пред да се обидете. Кажувате „да“ кога сакате да кажете „не“ само затоа што не сакате да ја вознемирите другата личност и слично… Таа додаде дека игнорирањето на знаците дека ви треба пауза што доведува до стрес, анксиозност и исцрпеност е дополнителен знак дека можеби се самосаботирате.

Во меѓувреме, поставувањето високи очекувања кои не се реални да се постигнат, исто така, зазеде место на списокот на д-р Лалита од шест знаци на самосаботажа. Па, еве го списокот на доктор Лалитаа со 6-те знаци на самосаботажа:

1.

Се обесхрабрувате пред да се обидете.

2.

Кажувате „да“ кога сакате да кажете „не“, само затоа што не сакате да ја вознемирите другата личност.

3.

Ги игнорирате знаците дека ви треба пауза што доведува до стрес, анксиозност и исцрпеност.

4.

Поставувате високи очекувања кои се нереални да се постигнат.

5.

Постојано одолговлекувате.

6.

Не си дозволувате работи додека не ги „заработите“ или заслужите.

Д-р Лалитаа додаде дека самосаботажата често произлегува од ниската самодоверба, негативниот разговор за себе и сродните негативни емоции.

Тие, продолжи таа да објаснува, постојано се засилуваат од неуспехот што произлегува.
Таа напиша: „Можете да ја победите самосаботажата со следење на вашите однесувања, чувства, мисли и верувања за себе и предизвикувајќи ги кога стојат помеѓу вас и вашите цели“.

 

 

Психологот сподели четири совети со кои можете да се обидете и да помогнете кога станува збор за самосаботажа.

Таа предложи да ги идентификувате вашите самосаботирачки однесувања, да создадете навика за пишување дневник и да вежбате внимателност. Нејзиниот четврти совет кога станува збор за обидот да се победи самосаботажата е да не се споредувате со другите.

Д-р Лалита, исто така, истакна: „Инстаграм“ не е замена за терапија. Ве молиме внимавајте како ги толкувате овие објави и не си поставувајте само-дијагностика“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *