Дали Трамп е доволно способен за да води држава? Откриени резултатите од годишниот лекарски преглед на претседателот на САД
78-годишниот претседател Доналд Трамп поминал успешно низ сите здравствени проверки, вклучувајќи и когнитивниот тест, покажувајќи дека е целосно способен да ги извршува функциите како врховен командант и шеф на држава.
Докторот уверува: Трамп е во одлична здравствена состојба
Личниот лекар на претседателот, д-р Шон Барбабела, изјави дека Трамп има „одлично когнитивно и физичко здравје“ и е „целосно способен да ги извршува своите претседателски обврски“. Ова е првиот негов годишен преглед откако се врати во Белата куќа. Прегледот бил направен во петокот во Военомедицинскиот центар „Волтер Рид“ и траел речиси пет часа, а резултатите беа објавени од Белата куќа во неделата.
Когнитивен тест: совршен резултат 30 од 30
Трамп повторно го полагал Монреалскиот когнитивен тест, десетминутен испит дизајниран да открие рани знаци на когнитивно нарушување. И повторно добил максимални 30 поени, исто како во 2018 година. „Го одговорив секое прашање точно“, се пофали Трамп на новинарите додека патуваше за Флорида. „Мислам дека многу добро поминав“.
Во извештајот стои дека Трамп е висок 190 см, тежок 101.6 кг, со крвен притисок 128/74 и срцева фреквенција од 62 отчукувања во минута. Кардиолошки, пулмонално и невролошки е во одлична состојба, а начинот на живот активно придонесува за неговата кондиција. Прегледот вклучувал 14 специјалисти, а сите резултати биле нормални – освен лузна на десното уво од куршум, што е првпат официјално споменато по атентатот врз него во јули минатата година.
Коментирај анонимно