Дали универзумот е бесконечен или има крај? И ако отидеме до работ на универзумот што би виделе таму?

Знаеме дека вселената имала почеток пред 14 милијарди години и дека оттогаш се шири. Но, нешто што се шири треба да има и раб, нели?  Па на некој начин има. Информацијата не може да патува побрзо од светлината. Тоа значи дека можеме да видиме делови од универзумот каде што светлината успеала да достигне овие 14 милијарди години.

Но станува малку покомплицирано бидејќи универзумот се шири, знаеме дека најдалечните работи чија светлина можеме даја видиме се всушност 45 милјарди светлосни години далеку од нас во моментов. Значи универзумот што можеем да го видиме е сфера со радиус од 45 милијарди светлосни години.

Содржи отприлика 200 милјарди галаксии секоја со стотици милјарди ѕвезди. Значи за нас има раб. Гледаме во минатото се додека нема минато за гледање. Овој раб е повеќе како раб во времето и во некоја смисла безначаен.

Универзумот се разбира е поголем од тоа што можеме да видиме. Но, колку?

Има две опции, или универзумот е голем но има крај или е навистина бесконечен.

Ако универзумот има крај значи дека треба да има нешто после тој крај.

За да дознаете повеќе изгледајте го видеото.