Дали ваквото однесување на маж е привлечно? Погледнете го виралното видео во кое пар се кара за краткото здолниште на девојката и проценете сами!
Дечко кој и кажал на својата девојка дека нејзиното тексас здолниште е „премногу кратко“ во контроверзното видео на „TikTok“, наиде на изненадувачки „позитивни“ реакции на интернет. Крис Кевериан, од Сиднеј, сподели видео во кое ја критикува облеката на неговата девојка пред таа да се сретне со пријателите.
Во клипот, тој неколку пати ја пцуе Хана и и вели дека не може да излезе од дома облечена во здолништето – и и се заканува дека ќе раскине со неа ако го направи тоа.
„Каде е другата половина од тоа здолниште?“, прашува тој.

„Нема да одиш никаде“, продолжува.
Крис вели дека ако ја напушти собата, нивната врска е „завршена“, но таа прашува: „Што не е во ред со тоа што го носам?“
Тој не одговора на прашањето, но наместо тоа и вели „да го повлече здолништето надолу“ за да покрие повеќе од нејзиното тело.
„Така треба да биде – тоа е здолниште! Тоа не е долна облека“, вели Крис пред да побара од неа да го повлече надолу здолништето.
„Не одиш“, продолжува тој пред да ја повлече на креветот.
Оттогаш, контроверзниот клип е прегледан повеќе од 2,1 милиони пати и доби над 200.000 „лајкови“, при што многу жени сметаат дека однесувањето на мажот е привлечно.
Една жена рече: „Ако тој не е ваков, не го сакам“, додека друга додаде: „Ова или ништо“.
Но, некои не ги сфатија лесно критиките, бидејќи едно лице ѝ рече на Хана да „бега“, додека друго рече дека парот треба веднаш да се „раскине“.

Коментирај анонимно