Дали вашето дете има телефон? Пинк е строга мајка и ѝ забранува на ќерка ѝ да има телефон, сѐ додека…

Пинк во новото интервју им даде увид на фановите за нејзиниот строг начин на родителство.

43-годишната поп-ѕвезда откри дека нејзината ќерка Вилоу (11) нема телефон.

 

 

Пејачката од Филаделфија, која неодамна најави претстојна турнеја, рече дека нема да дозволи девојчето да  поседува мобилен телефон додека не докаже дека социјалните мрежи се добри за неа.
Таа рече за време на разговорот, „Ѝ реков на Вилоу: „Ако можеш да произведеш литература од реномиран извор кој ми кажува дека социјалните мрежи се добри за тебе, тогаш можеш да имаш и ти. Во спротивно, со среќа“.

 

 

Покрај Вилоу, Пинк и сопругот Кери Харт имаат и шестгодишен син Џејмсон.
За време на разговорот Пинк исто така објасни дека не сака да ги разгалува своите деца од страв дека светот ќе ги „изеде“.

За нејзиниот избор да го задржи мобилниот телефон подалеку од рацете на нејзината ќерка, таа рече: „Тешко е. Многу мои пријатели имаат свои деца на „TikTok“, а јас не.

Ѕвездата, чие вистинско име е Алесија Мур, исто така му објаснила на своето првороденче дека „има многу очи на неа“, како дете на позната јавна личност. Таа, сепак, открива дека Вилоу поседува часовник што го користи за да комуницира со нејзините родители кога е потребно.

 

 

Мур, која во последниве години стана позната по нејзините сценски акробации, планира да ги однесе своите деца на својата претстојна светска турнеја Летен карневал.

„Јас сум многу среќна што можам да ги носам моите деца со мене и сите деца на гитаристи ќе бидат таму… неверојатно е“, извика таа кога тргна на патот.

 

Новиот албум на пејачката „Trustfall“ беше објавен пред еден месец во петок на 17 февруари.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.