Дали жолчката од јајцето е штетна за мене? Колку јајца најмногу може да се јадат на ден?

Јајцата со децении се тема на дискусии поради високата содржина на холестерол, што студиите го поврзуваат со зголемен ризик од срцеви заболувања.

Белките од јајцето неодамна доминираат во чиниите на оние што јадат свесно за своето здравје.

 

 

Но, дали жолчките навистина се толку лоши? Според „Vaping.com“, „Google“ забележал зголемување од 673 отсто во пребарувањата за одговорот во текот на 2022 година.

Сепак, навистина има многу што да се каже за жолчките.

Од една страна голема жолчка содржи околу 185 милиграми холестерол, а се препорачува не повеќе од 300 милиграми внес на холестерол днвено. Од друга страна пак, тие се ниски со заситени масти.

Исто така се преполни со протеини, есенцијални масни киселини, антиоксиданси, витамини и минерали.

Според Британската фондација за срце,  истражувањата покажуваат дека за повеќето здрави луѓе, холестеролот во храната има многу помал ефект врз нивото на крвта, особено кога се споредува со путерот и производите со висока содржина на заситени масти.

Белката на јајцето е составена од околу 85-90% вода, 10-12% белковини и под 1% јаглехидрати, масти и минерали. Едно јајце содржи околу 70-80 калории, па затоа без проблеми може да биде дел од храната за диета.

Жолчката на јајцето содржи лутеин и зеаксантин. Овие два антиоксиданси, од групата на каротеноидите, придонесуваат за подобрување на здравјето на очите и ги заштитуваат од ултравиолетовите зраци.

Покрај тоа, јајцата се полни со многу хранливи материи кои се добри за вас. Тие се богати со витамин Е, кој е поврзан со здравјето на мозокот.

 

 

Умерената консумација на јајца не го  зголемува ризикот од срцеви заболувања кај здрави индивидуи и може да биде дел од здравата исхрана, препорачува добротворната организација.

Сепак, на оние со фамилијарна хиперхолестеролемија, која погодува приближно 1 од 500 луѓе, им се советува да го ограничат внесот на холестерол во исхраната на не повеќе од три или четири јајца неделно.

  • Чкорче напиша:

    Па сигурно од смогот не е поштетна.

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Чкорче Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *