Дарко Јованов од Виница го освои европскиот пехар со своето куче Гара, а наградата од 10.000 денари ја донираше за лекување на Симона
Виничанецот Дарко Јованов и неговото куче, балканката Гара, станаа европски шампиони во натпреварувањето за лов на зајак. Тие ја освоија првата позиција на 30. Европски куп за ловни гоничи, одржан во Оса, Грција.
Со овој успех, Јованов и Гара ја потврдија високата класа на македонската кинологија и достојно ги претставија Виница и Македонија на меѓународната сцена.

Општина Виница му додели признание, а тој избра парите да не останат кај него
Како признание за освоениот шампионски пехар и за придонесот во промоцијата на општината, Општина Виница му додели на Јованов вредносен ваучер од 10.000 денари.
Наместо да ги искористи средствата за сопствени потреби, тој донесе несебична одлука целиот ваучер да го донира за лекување на својата сограѓанка Симона.
Пехарот остана спортски успех, но гестот стана пораката од Виница
Со овој хуман гест, европскиот шампион покажа дека вистинската големина не се мери единствено со освоените медали и пехари.
Таа се гледа и во хуманоста, емпатијата и подготвеноста да им се помогне на оние на кои поддршката им е најпотребна.

Европски пехар, а само 10,000 денари награда!!! Да му се плукнам на спонзоро, да му се плукнам!!! На времето кога бев член на еден Клуб за планински велосипедизам, на покана од србите со кои одлично соработувавме (ги викавме на трки, не викаа), бевме на трка во Лесковац. Трката беше во недела, а сите натпреварувачи се собраа на Плоштадот во градот! Имаше доста народ, говор одржа Градоначалникот. Со полициска придружба бевме испратени надвор од градот, каде се одржа тркава низ некои лозја! Интересно беше што спонзор беше Лесковачка и на целтта не чекаше нивен штанд, каде можевме да изедеме колку сакаме лесковачки!!! Или 2 трка кај нив на Јастребац, каде спонзор беше фирмата Трајал. Победникот доби награда 2 надворешни гуми за кола!
Коментирај анонимно