Дарвинови шампиони: Најглупавите начини на кои луѓето си заминале од овој свет
Човештвото постојано го надминува сопствениот рекорд во бизарни, апсурдни и крајно неверојатни начини на смрт. Некои се толку нелогични што те тераат да се запрашаш: „чекај, навистина ли некој го направил ова?“ За вакви „остварувања“, постои и неформалната „Дарвинова награда“ – замислена како сатирична пофалба за оние што, на еден или друг начин, успеале да го отстранат сопствениот ген од човечката еволуција.
Иако е хумористична, наградата всушност потсетува колку е важен здравиот разум и колку не смееме да го потцениме обичниот инстинкт за преживување. Еве ги највпечатливите и навистина незаборавни примери.
1. Семејно проклетство
Во јужноафриканската провинција Лимпопо, тројца браќа загинале додека се обидувале да силуваат крокодил. Да, точно прочита. Се верува дека страдале од еректилна дисфункција и се обратиле кај локален исцелител, кој им дал амајлија – наречена муфи – што наводно ги штити од крокодили додека… знаете.
Секако, муфи не делувал. Други крокодили ги нападнале и ги распарчале. Родителите на починатите не го обвиниле исцелителот – рекле: „Ако амајлијата не делувала, тогаш не било судено.“
2. Риба, струја и погреб
Украински рибар сакал да организира гозба во чест на годишнината од смртта на тештата. За да улови повеќе риба, фрлил кабел со струја во реката. Кога рибите испливале, толку се возбудил што заборавил да го извади кабелот пред да влезе во вода. Погоди што следува.
3. Ало? Бум.
Норвежанец, познат по тоа што никогаш не се разделувал од својот пиштол, една ноќ бил разбуден од телефонски повик. Во полусон, наместо телефонот, го грабнал пиштолот. И наместо „ало“, испукал во сопствената глава.
4. Скок во сон
Ерик Барсија, 22 години, решил да си го исполни сонот за роденден – да скокне од железнички надвозник со еластичен кабел. Проблемот? Не ја измерил висината. Само ја проценил на око. Промашил за пет метри. Кабелот не простува такви грешки.
5. Руски рулет, но со мина
По кавга во кафеана, 25-годишен Тајланѓанец решил да реши конфликт со дуел – со противтенковска мина што ја донел од дворот. Тој и двајца пријатели играле „руски рулет“ притискајќи ја со пета. Да, навистина. Кафеаната експлодирала, од нив не останало ништо. Ни парче облека. Победникот на дуелот? Нема жив сведок.
6. Огномет… таму долу
26-годишен Австралиец сакал да се прослави така што ќе лансира огномет… од задникот. Директно. Како што можете да претпоставите, не завршило со стоечки аплауз. Паднал на грб, огнометот експлодирал во него и му направил сериозна штета.
7. Врв на глупоста
Јапонецот Тецу Шиохара стигнал на врвот на планината Фуџи и, нормално, сакал да се сними за TikTok (или нешто слично). Додека снимал, се лизнал. Последните зборови? „Чекај… се лизнав!“ Паднал 770 метри. Телото го нашле на надморска височина од 3.000 метри. Телефонот не го пуштил од рака.
8. Алкохол без грло
58-годишниот Мајкл Ворнер имал проблем со грлото и не можел да пие. Но алкохолот го сакал премногу. Затоа нашол „иновативен“ начин – алкохолна клизма. На забава, си ставил две шишиња јако вино (шери) од 1,5 литар… ректално. Телото не може да престане со апсорпција кога ќе паднеш во несвест, па починал со ниво на алкохол 6 пати над смртната доза.
9. Го доби случајот – го изгуби животот
Во 1871 г., адвокатот Клемент Валандигам сакал да докаже дека жртва во бар се застрелала сама, случајно. За да ја демонстрира ситуацијата, ставил пиштол во џебот и пробал да го извади – точно како жртвата. Пиштолот не бил празен. Крај на случајот – клиентот ослободен, адвокатот – не.
10. „Паметен“ оџачар
Марко, 55 години, се мачел со чистење оџак. Затоа решил да закачи метла на синџир, па на тоа – тег. А тегот бил… рачна граната. И не само што ја врзал, туку и ја заварил. Неколку секунди подоцна, експлозија го уништила ѕидот и мерцедесот пред куќата. Од Марко не останало ништо.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно