„Дебелата мачка“ од Шчечин стана најдобро рангираната туристичка атракција во Полска, благодарение на неговиот изглед и карактер… Дали би му дозволиле да ве прошета?

Дебелата мачка која живее на улица стана најдобро оценета туристичка атракција во еден полски град.

Туристите кои го посетуваат средновековниот град Шчечин ги заменија историските знаменитости и музеи за обиколка со Гацек, црно-белата мачка.

 

 

Шчечин, во северозападна Полска и блиску до границата со Германија, им нуди на посетителите многу туристички атракции, вклучувајќи го замокот на Померанецот војвода и паркот Каспровица.

Но, мачорот, кој дури има свој профил на „Инстаграм“ и дел на „Гугл мапс“, ги надмина сите знаменитости со својата речиси совршена оцена од 5 ѕвезди.

 

 

Според локалните жители, Гацек, чие име на полски значи „лилјак со долга опашка“, првпат се појавил на улицата Кашубска во центарот на Шчечин пред 10 години.
Тој се прослави во 2020 година, откако локалниот сајт за вести „wSzczecinie“ објави видеа од него.

Се вели дека се врткал околу туристите кои му придавале внимание и го хранеле – поради што станал буцката мачка каква што е денес.

 

 

Според „Notes From Poland“, некои луѓе се грижат за неговата безбедност и ги критикуваат оние што му предизвикале прекумерна тежина.

Но, се чини дека „Кралот на улицата Кашубска“ е задоволен што живее во својата дрвена кутија надвор од продавница, чии сопственици се грижат за него.

Според локалните жители и туристите, Гацек е „фантастично пријатен и извонреден пријател“, но тој има тенденција да гребе или да краде храна кога е во лошо расположение.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *