Денешен ручек рецепт: Гнезда од мелено месо полнети со фил од печурки
Сакате да јадете месо, но ви недостасува некоја свежа идеја за ручек? Би сакале да испробате нешто ново, но со намирници кои со сигурност вашето семејство ги јаде? Го имаме решението за вас. Нашата денешна идеја за ручек се гнездата од мелено месо, рецепт на „Магична ГАЛА кујна“.

Начин на подготовка
- 450 гр мелено јунешко месо замесете го со 1 главица ситно сечкан кромид, 1/2 лажичка сол, малку бибер и 1 јајце. Смесата ставете ја во фрижидер да одмори.
- Исечкајте 1 главица кромид на тенки резанки и пропржете ја на малку масло додека да омекне. Додадете околу 300 гр свежи шампињони исечени на тенки ливчиња и нив пропржете ги да омекнат. Тргнете од оган, додадете сол и бибер по вкус и 2 лажици кисела павлака.

- Од смесата со мелено месо направете 8 подебели плескавици и ставете ги во тава подмачкана со масло. Со помош на лажица направете во нив вдлабнатина во која ќе ставите од филот со шампињони. Ако ви остане од филот ставете го помеѓу гнездата.
- Печете во загреана печка на 200 степени околу 35 до 40 минути, зависно од јачината на печката.
- Сервирајте со по 1 лажичка кисела павлака врз секое гнездо.

Коментирај анонимно