Детето од „Алф“ почина на 46 годишна возраст

Поранешната детска ѕвезда Бенџи Грегори, познат по улогата во ситкомот „ALF“, почина трагично на 46-годишна возраст.

 

 

 

Грегори – кој го играше Брајан Танер во ситкомот од 80-тите, која се емитуваше од 1986 до 1990 година – беше пронајден мртов во неговиот автомобил заедно со неговото службено куче Ханс на паркингот на „Чејс банка“ во Пеорија, Аризона.

Сестрата на Грегори, Ребека изјави дека Грегори страдал од депресија, биполарно растројство и имал нарушување на спиењето кое „често го држело буден со денови“. Сепак, неговите блиски веруваат дека отишол во банка за да ги депонира преостанатите чекови и заспал во својот автомобил, па умрел од топлотен удар. Канцеларијата за медицински преглед на округот Марикопа сè уште не ја утврди причината за смртта.

 

 

„ALF“ се емитуваше четири сезони и беше во етерот од 22 септември 1986 година до 24 март 1990 година. Во него глумеа и Макс Рајт, Ен Шедин и Андреа Елсон.

 

 

 

Заплетот на ситкомот на „Ен-Би-Си“ се вртеше околу семејството Танер, семејство од предградие од средната класа кое живее во областа на долината Сан Фернандо во Калифорнија, кои го земаат да го чуваат „ALF“ откако тој ќе удри во нивната гаража. Серијата покажува како семејството Танер прави се за да го сокрие вонземјанинот од бучните соседи и владините агенции. Грегори имаше само осум години кога се прослави со „ALF“. Добро познатата кукла ја направи режисерот Пол Фуско.

 

 

Грегори  е роден во Лос Анџелес во 1978 година во фамилија на актери. Неговите ТВ настапи ги вклучуваа „Fantastic Max“, „The A-Team“, „TJ Hooker“ и „The Twilight Zone“. Тој, исто така, се појави во играниот филм „Jumpin’ Jack Flash“ (1986).

Грегори се повлече од актерството во 2003 година и се пријави во американската морнарица. Тој беше назначен во УСС Карл Винсон и доби почесно медицинско ослободување во 2005 година. Тој се ожени со сопругата Сара во 2006 година – иако не е познато дали тие сè уште биле заедно во моментот на неговата смрт.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *