Девојка го истетовира името на своето момче на челото откако беше инспирирана друга инфлуенсерка, нооо не е сè како што изгледа

Помина времето кога на партнерот му подарувате цвеќе или го прегрнувате за да ја покажете вашата љубов – сега ако нема тетоважа на чело пу,пу врската не важи.

Џорџија, од Донкастер, сподели видео на кое го истетовира името на нејзиното момче на челото, само неколку дена откако инфлуенсерката Ана Стансковски стана вирална поради тоа што го направи истото.

 

Видеото од Џорџија беше насловено „нашата љубов е вечна, па зошто да не биде мојата тетоважа“.

 

Сепак Џорџија на крајот призна дека се одлучила да се потсмева со неодамнешниот тренд за тетоважи на челото и брзо призна дека тоа е шега. Но, тоа не значи дека инфлуенсерите нема да влијаат на некое 15 годишно девојче кое ќе оди и ќе направи глупост само затоа што некоја инфлуеснерка излажала на интернет дека го направила тоа.

А во меѓувреме и другата инфлуенсерка призна дека тетоважата е лажна, но вели дека тоа било смислено со една цел.

И додека девојките ги тетовираат имињата на дечковците на челото, погледнете што тетовираат мажите. Не можеме да се одлучиме кое е полошо, а вие?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *