Учителка-наркоманка видела дека нема пари во образованието, па излезот го нашла во заработката на најстариот и најлесен начин

Британската поранешна наставничка, која била бездомник и крадела од сопствената мајка за да преживее, сега собрала 1 милион евра од Онли Фанс. Елиза Роуз Вотсон (31) се приклучи на платформата кон крајот на 2019 година по повеќе години злоупотреба на дрога и алкохол.

По завршувањето на универзитетот со диплома по психологија во 2016 година, Елиза Роуз започна да се занимава со моделство, уживајќи во слободата на брзи пари и постојано забавување. Таа почнала да меша кокаин и алкохол и со денови да останува на забави. Сепак, на возраст од 23 до 27 години, нејзината употреба на дрога и алкохол ескалирала и таа изгубила сѐ.

Гламурозната манекенка признава дека „лажела, изневерувала и крадела“ за да ја финансира својата зависност. Таа често позајмувала пари и од нејзината мајка. Честопати барала пари, велејќи дека тоа е за такси или храна, но наместо тоа, ги трошела на своите зависности – понекогаш крадела пари од куќата на нејзината мајка.

По кавга со семејството завршила како бездомник и почнала да спие кај пријатели и во креветите на непознати мажи. Нејзиниот живот се сменил кога пријател на пријател ја поканил на состанок на анонимни алкохоличари. По состаноците и продолжувањето да ја следи програмата 12 чекори, моделот полека, но сигурно почнал да се крева на нозе, па дури и станала воспитувачка на деца на возраст од 2 до 4 години.

Манекенката целосно заборавила на нејзината злоупотреба на супстанции во минатото и сакала да стане добра наставничка. Но, ѝ биле потребни пари па направила профил на Онли Фанс. Само за неколку месеци заработила илјадници фунти. Благодарение на OnlyFans, Елиза Роуз, некогаш бездомник, сега заработува големи пари и планира да си купи луксузен имот во Велика Британија, а и се смирила со нејзината мајка.

Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.