Девојка поставила билборд на прометен пат со информации за нејзината „работа“, па сега заработува илјадници долари сликајќи се гола за „возбудените возачи“
Храбра девојка поставила билборд за промоција на нејзината работа на прометен пат – и сега, тоа излезе една од најпаметните одлуки во нејзиниот живот.

Меган Бејкер продава провокативни фотографии на веб-страница за возрасни и изјави дека идејата за поставување билборд во нејзината родна држава Луизијана започнала како шега. Но, откако билбордот се појави на 29 јули, нејзината гледаност вртоглаво пораснала, а возачите на патот очигледно беа заинтригирани од нејзиниот маркетинг пристап од „старата школа“. Лоциран во Централ Сити, Луизијана, билбордот содржи скромна фотографија од Меган заедно со натпис на кој се прикажува нејзиниот профил, „@ArielleMyles88“.

Меган работела како танчерка до 2021 година, но се префрлила на оваа нова „смела“ кариера, откако пандемијата предизвикала проблеми на работата. Таа изјави дека нејзините фанови на веб-страницата за возрасни пораснале за 90 до 200 клиенти кои плаќаат и купуваат нејзини голи фотографии, додека нејзиниот приход е зголемен за 200%.
„Сè додека вложувате труд, парите се таму“, изјави Меган.

Момчето на Меган, Стивен Гремилио, дури успеал да ја напушти својата секојдневна работа за да се справи со деловната страна на нејзината кариера.
„Нашите четири деца сега можат да имаат сè што ќе посакаат“, изјави Стивен. Меган призна дека добила негативни критики, но не ѝ пречи поради успехот што ѝ го донел билбордот.
Таа сега планира да постави повеќе билборди во други области на Њу Орлеанс.

I¦ve recently started a web site, the info you provide on this website has helped me tremendously. Thanks for all of your time & work.
Коментирај анонимно