Девојка раскажува како си наоѓа спонзори и каква улога има нејзината мајка во тоа

Танит Парфит (26) од Кардиф, Велс си пронашла необична професија пред 7 години. Тогаш ѝ требале пари за кирија и си пронашла „шеќерен татичко“, односно постар спонзор. Тие комуницирале на интернет и за неколку часа ѝ ги платил сите сметки ѝ нарачал пица, и дал неделен „додаток“ од 800 фунти и ги презел трошоците за хотелот и спа билетите. Во период од 1 година потрошил околу 40.000 фунти на неа, а тие воопшто не се ни запознале во живо. Таквата чудна романса траела 5 години додека спонзорот не си нашол вистинска девојка, а Танит морала да смисли начин како да продолжи да заработува. Менаџерката во ресторан почнала да продава свои разголени фотографии и заработувала околу 300 евра, а исто така продава и своја носена долна облека за околу 200 евра. Танит раскажува дека најголемиот дел од семејството ја отпишал, но не и нејзината мајка. Таа ја поддржува и ѝ помага кога и како може. Танит тврди дека претпочита да ги користи социјалните мрежи отколку страниците за претплата, бидејќи личниот контакт и помага да заработи повеќе пари. Таа исто така призна дека меѓу нејзините клиенти има другарка од детството која има девојка и тие често се среќаваат сите заедно, но се преправаат дека не се случува ништо чудно.

Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.