Девојката која се омажи за себе одлучи многу брзо да се разведе

Ова е Бразилката Крис Галера. И летото очајуваше да најде втора половина, па реши да се омажи за себе. Девојката отиде во црква, направи сè официјално, организираше голема прослава … Но, тогаш се случи нешто неочекувано.

Крис вели дека запознала некого и затоа решила сама да се разведе од себе. Сега таа е среќна во нова врска. Но, тој се уште не размислува за венчавка.

На Крис Галера и здодеа да се потпира на мажи, па реши да се омажи за себе на свечена церемонија која се одржа во септември оваа година.

33-годишната манекенка инсистираше на тоа дека не е „разочарана“ што нема младоженец,  и дека е задоволна сама со себе, но 90 дена подоцна, таа одлучи да се разведе.

За среќа на Крис, која потекнува од Сао Паоло во Бразил, таа запознала „некој посебен“ и дури почнала да се заљубува, и покрај тоа што си даде збор сама на себе.

„Бев среќна додека траеше“, рече таа и додаде: „Почнав да верувам во љубов во моментот кога запознав некој друг“.

Крис додаде: „Стигнав до точка каде што созреав, сфатив дека сум силна и решителна жена“.

На денот на нејзината венчавка, Крис можеше да се види како ги покажува своите тетоважи во неверојатен бел фустан, позирајќи пред католичката црква во нејзиниот роден Бразил.

Зборувајќи за венчаницата што ја носеше Крис рече: „Сакав да ги истакнам моите најдобри карактеристики, моите гради. Носев убиствено деколте“.

Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.