Дигитална револуција во авионскиот транспорт: Без чекирање и бординг карти до 2028
Патниците наскоро ќе можат да патуваат без потреба од физички пасоши или бординг карти, благодарение на најголемата реформа во авионскиот сообраќај во последните 50 години.
Според Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), во рок од три години, патниците ќе може да ги скенираат своите лица при пристигнување на аеродромите и да ги пренесат пасошите на мобилен телефон.
Содржина:
Најголема промена во авијацијата во последните 50 години
Наместо класичниот процес на чекирање и покажување пасош и бординг карта, новиот систем воведува т.н. дигитална патна легитимација, која ќе се складира на телефонот. Во оваа дигитална папка ќе бидат вклучени сите потребни документи за патување – од пасош до податоци за летот. Дополнително, патниците ќе симнуваат journey pass (патна пропусница), којa автоматски ќе ги известува за доцнења или откажувања на летови.
Процесот на безбедносна проверка ќе се разликува зависно од количината багаж што се носи. Патниците ќе можат да минуваат низ безбедносна контрола уште при предавање багаж или на посебни контролни точки. Откако ќе биде скенирано лицето на патникот, информациите за неговото патување ќе бидат автоматски споделени со авиокомпанијата, без потреба од дополнителна проверка на документи.
Веќе испробана технологија
Ова значи крај за сегашниот систем на печатење или симнување бординг карта и рачно покажување документи. Но, за имплементација на новиот модел, аеродромите ќе мора да инсталираат современа технологија за препознавање лица. ICAO уверува дека скенираните податоци ќе бидат избришани по само 15 секунди, со цел заштита на приватноста.
Иако оваа технологија досега се користеше во ограничени случаи, како во САД за домашни патувања, се очекува нејзина поширока примена во иднина. Британското Министерство за внатрешни работи веќе ја разгледува можноста за користење е-гејтови со препознавање лице на граничните премини, без потреба од пасоши.
Предности и предизвици
Компании како British Airways, Air France-KLM, Finnair и Saudia Airlines веќе размислуваат за вклучување дополнителни услуги во дигиталниот пакет – како навигација до гејтови или автоматско известување на агенции за изнајмување возила за евентуални доцнења.
И покрај големите очекувања, технолошката зависност може да носи ризици. Минатата година, проблем со Microsoft доведе до глобален хаос и прекин на летови, со замрзнати табли за полетување во аеродромите во Хитроу, Гетвик и Единбург.
Сепак, експертите веруваат дека со оваа дигитална трансформација, патувањето ќе стане побрзо, поедноставно и поудобно за патниците ширум светот.
Samo uste Eden nacin za poveke kontrola vo sekoj moment
Коментирај анонимно