Директорката на ООУ „Кочо Рацин“ Прилеп, побара да се исечат две 100 годишни дрвја за децата да не се лизнеле од лисјата!

Според објавените информации, станува збор за два стари јавора во дворот на училиштето, за кои се тврди дека се стари околу еден век. Едното дрво веќе било исечено, додека сечењето на второто било спречено откако реагирале граѓани. Случајот предизвика реакции и на социјалните мрежи, особено поради образложението дека паднатите лисја претставувале опасност децата да се лизнат. По реакциите, наместо целосно отстранување на вториот јавор, се појавија информации дека дрвото ќе биде само кастрено.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *