dm drogerie markt со несебична донација за Меѓународниот ден на децата: Бебешки креветчиња во вредност од повеќе од 300 илјади денари беа донирани во Општата болница во Гостивар

Оваа донација, најголемиот европски дрогериски ланец ја реализираше со донирање на бебешки креветчиња за ЈЗУ Општа болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар.

Компанијата dm drogerie markt која гордо го носи епитетот на една од општествено најодговорните компании, оваа година го одбележува Меѓународниот ден на децата со донација на 15 бебешки креветчиња   во вредност од повеќе од 300.000 денари во ЈЗУ Општа болница ,,Д-р Ферид Мурад’’ во Гостивар. На денот на отворањето на реновираното детско одделение, со оваа донација компанијата учествуваше во обезбедување на сите потребни креветчиња, а целта е да овозможи посоодветни услови на најмалите членови на општеството во нивниот ран развој.

 

„Иако секој ден им го посветуваме на децата, Меѓународниот ден на децата е одличен повод да се присетиме на тоа дека секое дете го заслужува најдоброто. Особено сме среќни за оваа донација, која ни покажува дека сме на вистинскиот пат да создадеме што подобри услови за нашите најмалечки. Сакаме да веруваме дека на овој начин сме значаен дел од еден период во животот на децата и придонесуваме да израснат во среќни, задоволни луѓе подготвени да градат светла и убава иднина за сите нас. Нашата цел е да продолжиме да ги слушаме потребите на заедницата со желба да даваме придонес преку различни проекти и значајни донации“ , изјавија од компанијата.

dm drogerie markt е етаблиран како пријател на македонските здравствени институции, а за тоа говорат постојаните вложувања во здравствениот сектор изминатите години. Во изминатата деловна година, компанијата донираше повеќе од 5,3 милиони денари во општествено-одговорни цели. Со истата посветеност продолжуваат и понатаму да вложуваат во заедницата во која делуваат.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *