Дневна доза животни мистерии! Дали знаете за што служат овие 11 предмети?

Дури и за луѓето кои се чини дека ги решиле сите животни мистерии, светот е полн со неверојатни загатки. На луѓето кои никогаш не ги виделе работите што некои луѓе ги користат секој ден, можеби им се чудни. За наша среќа, можете да добиете одговори на некои од овие прашања со барање помош преку Интернет.

 

1. „Го најдов во антикварница. Што е ова?“

„Помагало за палецот, може да служи како држач додека читате книга, или како штитник за палецот додека работите некоја механичка работа“.

 

2. „Мало слонче наполнето со вода“

„Сад за да се направи мраз во него, за повеќекратна употреба“.

 

3. „Дрвен чекан/валјак со ротирачка глава?“

„Стара преса за бобинки или овошје“.

 

4. „Бела цврста пластика со кружен дел?“

„Отворач за капачиња за шишиња за оние со ограничена сила во рацете, на пример луѓе кои страдаат од инвалидитет“.

 

5. „Мојот стоматолог ми го даде ова за да го користам, но како?“

„Го ставате на крајот од тубата со паста за заби и полека ја поместувате по цевката за да ја исцедите пастата за заби надвор“.

 

6. „Што е третиот дел од семафоров во Германија?“

„Звучник, за слепи лица да знаат кога да поминат улица“.

 

7. „Видов вакво едно во такси во Германија. Тоа е кутија со селотејп од 10 cm x 5 cm. 2 или 3 кабли водат во багажникот од тој предмет“

„Изгледа како некаква антена. Очигледно, надворешните кутии може да се користат за сè, од „GPS“ до пренос на видео/радио, итн. Веројатно нешто што возачот го направил за своја удобност. како Wi-Fi или некој друг вид на забава“.

 

8. „Го најдов ова во еден залив на Хаваите. Стаклено е, но ме интересира од што може да биде дел?“

„Изгледа дека тоа би можело да биде шише од 1954 година од компанијата „Овенс Илиноис“ врз основа на ознаката на производителот“.

 

9. „Го најдов во „Мекдоналдс“

„Металната штипка што ги држи слатките на рафтот“.

 

10. „Собира топка и се отвора“

„Рачно машинче за сушење зелена салата. Се врти многу брзо и сосема ја цеди откако ќе ја измиете“.

 

11. „Го најдов ова на плажа“

„Кодиум Бурса“ е цврста зелена морска алга“.

Кои од овие предмети ги препознавте?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *