До каде стигнавме: Луѓето велат дека ова е ‘генијален’ начин на сечење торта – навистина?

Видео на TikTok со повеќе од 460.000 лајкови покажува семејство кое прославува 20-та роденден на една девојка. Откако таа ќе ги дувне свеќите, секој зема винска чаша и со неа вади дел од тортата.

Овој метод е лесен и брз начин секој да земе она што сака, без да се мачи некој да сече и дели парчиња. Секој може да земе колку сака и која комбинација му се допаѓа, без преговори.

Даф Голдман, ѕвезда од „Ace of Cakes“ и главен готвач во чармантната пекара Charm City Cakes во Балтимор, за Bustle изјави дека идејата е генијална: „Секој може да си земе своја чаша и свој дел – убаво е заедничко искуство, каде секој може да се дружи со тортата и со другите луѓе,“ рече тој.