Добрата карма се враќа побрзо отколку што можете да замислите! 10 луѓе со златни срца кои ги променија животите на другите само со еден добар гест

Луѓе со златни срца се насекаде околу нас и интернет корисниците се обединуваат споделувајќи ги добрите дела на кои биле сведоци. Хероите од овие приказни не само што помагаат, туку ги менуваат животите на луѓето и тоа го прават со скромност. Понекогаш личноста во неволја не знае ни кому да му се заблагодари за бесплатната помош.

Ние им аплаудираме на овие луѓе кои се однесуваат како ангели чувари на Земјата и кои никогаш не замижуваат пред оние кои имаат потреба. Не го пропуштајте бонусот на крајот, понекогаш добрата карма се враќа побрзо отколку што луѓето можат да замислат.

1.

Имав нов вработен во продавницата. Еднаш заспал за време на смените. Кога разговарав со него за тоа се испостави дека мора да станува секој час од ноќта за да се премести на друго место затоа што е бездомник. Малку му го поместив распоредот и го наведов да паркира на нашиот приватен простор. На детето му требаше само неколку недели псоле тоа да се собере и да најде соба за живеење. На некои луѓе им треба само мала помош.

2.

Цело утро бев неверојатно тажен бидејќи вчера немав пари навреме за да му платам за кирија на мојот сопственик, како што му ветив дека ќе имам. Само што добив е-пошта од него во која ми кажа дека не може да стигне до понеделник за да му ги дадам парите (иако работи на еден блок од местото каде што живеам!). Тој знае дека секогаш плаќам, дури и ако е малку подоцна, и ова го прави за да не се чувствувам глупо. Благодарам!

3.

Видов една постара жена во самопослуга како брои дали може да си дозволи сè во нејзината количка. Врз основа на нејзиниот говор на телото, можев да кажам дека одговорот беше „не“. Така, извадив 20, отидов до неа и ѝ реков: „Госпоѓо, ова испадна од вашиот паричник“. Ѝ ја подадов сметката и само заминав, за да не се срами. Ја слушнав како вели благодарам.

 

4.

Јас сум дислексичен и дисграфичен. Имав еден наставник по природни науки кој ме викаше во неговата училница по секој тест и ми го поставуваше секое прашање што сум го згрешил во случај да погрешно би го прочитал прашањето или не можам да го напишам добро одговорот на хартија. Ако можев да му го објаснам одговорот, тој ќе го означи правилно одговорено. Тој беше учителот кој најмногу ми помогна

5.

Јас сум дијабетичар тип 1 кој остана без инсулин. На мојата здравствена клиника ѝ објаснив дека не можам да си ја дозволам вијалата од 300 долари. Подоцна, ми се јавија дека некој ми донирал некои медицински материјали. Кога една од медицинските сестри ми го предаде подарокот, се расплакав и плачев на нејзиното рамо. Тоа беше најзначајниот подарок што сум го добил и животот му го должам на оној што ми го подарил.

6.

Одвреме-навреме со мојот пријател (за кого можеби имав чувства) имавме мали расправии и поради некоја причина, тој не можеше да го контролира својот темперамент. Денес, за прв пат од тие времиња, една госпоѓа ме грабна за рака, му рече на мојот пријател да ме остави на мира и ме однесе кај полицаец. Ова ме натера да ги отворам очите и да сфатам дека бев многу блиску до најлошата грешка во мојот живот.

 

7.

Само што завршив факлутет и најдов работа каде што бев недоволно платен, работев 40+ часа неделно и немав бенефиции. Целата моја облека од факултетот ја износев до степен на распаѓање. Еден ден мајка на мојата цимерка се појави во нашиот стан и ми даде куп аплишта, сите ми беа точни. Таа кажа дека ги купила за нејзиниот сопруг, ама тој не ги сакал. Еден месец подоцна забележав дека сум многу послаб од нејзиниот сопруг. Таа ги купила за мене, но се обидуваше да ја поштеди мојата гордост.

8.

Мојот пријател од колеџ се бореше да добие пари за да ја плати операцијата на неговата мачка. Направивме сѐ што можевме за да ги собереме парите, дури и го замолив татко ми да ја стави оваа мала кутија за донации во неговото кафуле. Мојот пријател не го знае тоа, но додадов многу пари во кутијата пред да му ја дадам. Сѐ уште се сеќавам колку беше благодарен кога виде дека парите се повеќе од доволни.

9.

Бев на мојот час по уметност и имаше една девојка која немаше многу пријатели, но беше навистина мила. Се ближеше нејзиниот роденден, па решив да ѝ испратам балони. Сфатив дека таа не ме познава многу добро, па не се потпишав дека балоните се од мене. Едноставно се случи балоните да ги донесат за време на нашиот час по уметност и ја видов нејзината реакција. Никогаш не ѝ кажав дека сум јас, само бев среќен што видов дека се чувствува посебно.

10.

Кога бев мал, мама нѐ спакува мене и моите браќа во еден куфер алишта и сред ноќ го напуштивме мојот татко кој нѐ малтретираше. Застанавме во мотел на патот за да преспиеме. Мајка ми ги изброја парите и едвај имаше за мотелот.

Следното утро таа најде 100 долари во нејината чанта. Немаше поима од каде дошле.

Купивме храна и можевме да останеме уште една недела во мотелот. Мајка ми за тоа време најде работа. Нашиот нов живот започна со тие 100 долари. После многу години мојот брат, кој тогаш имаше 8 години, рече дека ја видел рецепционерката како става нешто во нејзината чанта, но не знаел што.

 

 

Бонус: Понекогаш енергијата од добрите дела ви се враќа како бумеранг.

Олимписката медалистка Марија Андрејчик го даде на аукција својот медал за да плати операција за 8-месечно бебе и победникот на аукција потоа ѝ го врати назад.

  • Мето напиша:

    Ова се приказни кои даваат надеж, сепак е тажно зошто не се секојдневие а требе да бидат

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *