Добредојдовте во пеколот: Озогласениот мега- затвор во Ел Салвадор ги прими новите 2000 гангстери, кои по сѐ изгледа ќе спијат на под или метални полици без душеци

Мега-затворот во Ел Салвадор донесе втор бран на осомничени членови на банди кои сега ќе ја отслужуваат казната во озлогласениот објект кој е критикуван поради неговите „тешки услови“.

 

 

Втората група од 2.000 затвореници денеска беше преместена во услови на засилени безбедносни мерки во новиот затвор Изалко, најголемиот мега-затвор во Америка, кој е изграден за сместување на повеќе од 40.000 гангстери.

На снимката се гледаат тетовираните и боси мажи, облечени само во бели шорцеви, како набрзина се движат наоколу со наведнати глави и со манжетни зад грб.
Најновиот поглед во внатрешноста на објектот откри дека од затворениците се очекува да спијат на голи четирикатни лимови без душеци.

 

„Во нова операција ја префрливме втората група од 2.000 гангстери во Центарот за ограничување на тероризмот“, објави денеска претседателот Наиб Букеле на „Твитер“.

Снимките покажаа како затворениците биле качени во автобуси, рацете и нозете во окови, за да бидат однесени во новиот затвор во конвој во кој имало хеликоптери. Тие беа наредени тесно еден до друг, секој седеше со нозете од двете страни на човекот пред нив додека вооружените чувари во балаки гледаа.

Мажите беа на сличен начин наредени пред да бидат одведени во големи групи во нивните ќелии, каде што ги оставаат да седат на подот пред наредените метални кревети. Секоја ќелија има само два мијалници и два тоалета, со 80 метални легла на секои 100 затвореници и без душеци.

 

 

„Нема да има душеци во ќелиите“, им рече претходно на новинарите затворскиот управник – кој носеше скијачка маска за да го заштити својот идентитет.

Поранешниот британски затвореник Рафаел Роу, кој ги претставува најтешките затвори на светот на „Нетфликс“, рече дека сликите го шокирале кога почнале да се појавуваат минатиот месец.

„Интензитетот на она што го покажуваат овие нови слики и огромната длабочина на дехуманизацијата е исклучителна дури и за мене“, рече тој.

„Ова е намерна политика за контрола на затворениците и управување со нив. Се плашам дека ќе има лош ефект – и ќе резултира со насилство уште полошо од хаосот предизвикан од бандите што владата очајно се обидува да го искорени“.

 

Додека затворот е опремен со трпезарии, сали за вежбање и маси за пинг-понг, тие се исклучиво за употреба на чуварите.

Затворениците ќе ја напуштат ќелијата само за правни сослушувања преку видеоконференција, или ќе бидат казнети во изолација без прозорци и неосветлена ќелија.
Министерот за одбрана Рене Френсис Марино рече дека 1.200 војници учествувале во безбедносната операција која започна во зори и вклучува три хеликоптери на воздухопловните сили.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *